Светскиот ден на рисот, Македонското еколошко друштво, оваа година да го одбележа со организирана посета на ученици од скопското основно училиште „Лазо Ангеловски“ во едукативниот центар „Бунец“ кај Маврово.
Учениците имаа можност да прошетаат по едукативната патека, која е специјално наменета за деца на нивна возраст. Едукаторите од НП Маврово, внимателно и посветено им објаснуваа што гледаат на секој чекор од патеката.
Едукативната патека претежно се наоѓа во букова шума, но имаше и по некоја елка и пасишта, каде што можеа да се видат растенија од кои се прават чаеви.
Учениците дознаа повеќе за балканскиот рис, кој на светско ниво, најмногу е застапен токму во Македонија, и научија зошто е важно да го заштитиме неговиот опстанок.
По патеката составена од информативни патокази, учениците можеа да дознаат повеќе и за елените, змиите, ежовите и типовите на листопадни и зимзелени дрва кои виреат во Македонија.