Учениците од основното училиште „Даме Груев“ од Ерџелија имаат силна врска со природата и знаат многу за земјоделските практики во нивната средина и затоа нивното образование за врската со биолошката разновидност е особено значајно. Посветените наставници од ова училиште повторно нè поканија на работилница за тема која ги поврзува земјоделството, животот во рурални средини и загрозените видови. Овој пат нашиот фокус беше на египетскиот мршојадец за кој најголемата закана е неселективното секундарно труење кое најчесто се случува во рурални предели. Учениците беа запознаени со многу птици од нивниот регион и добро го разбираа феноменот на птиците преселници па затоа лесно разбраа колку е значајно зачувувањето на единстениот преселен мршојадец во Македонија. За целосно да разберат како се одразуваат заканите врз преживувањето на овој вид, учениците ја играа нашата едукативна игра „Одисејата на египетскиот мрошојадец“ која им претстави преку препреки во играта што значи труењето, електрокуцијта, недостатокот на храна и соодветни живеалишта за преживувањето на овие прекрасни птици. По завршувањето на играта учениците имаа многу прашања за нашата работа и за тоа како тие самите можат да придонесат кон зачувувањето на кањите.