Македонското еколошко друштво за своите членови на 8 јуни 2024 одржа едукативно теренско истражување, предводено од раководителката на секцијата „Биодиверзитет“, проф. д-р Валентина Славевска Стаменковиќ.

Професорката Славевска Стаменковиќ, заедно со асистентката Јелена Хиниќ и нашата Деспина Китанова ги едуцираа присутните членови на МЕД за поточниот рак кој живее во водите на Љубанска Река, и кој претставува Натура 2000 вид.

Професорката лично демонстрираше како се земаат примероци директно од водите, и објасни зошто овој вид е толку важен. Освен членовите, на теренското истражување присутна беше и медиумската екипа на ТРТ Балкан и новинарот Христијан Станоевиќ, кои на светски начин го проследија настанот.

 

Start typing and press Enter to search