Ова лето во рамките на проектот Балкан Детокс LIFE организиравме едукативни работилници во Витолиште и Горна Бошава. Фокусот на работилниците беше преостанатата популација на мршојадци во земјата и проблемот со труење на диви животни. Комуникацијата со релевантните засегнати страни е еден од најважните делови во проектот и придонесува до менувањето на локалниот став кон практиката на труење. Во обид да се подигне локалната свест презентиравме информации за мотивите и последиците од оваа штетна практика за човековото здравје како и животната околина.

Горна Бошава

Главниот мотив за употреба на отровни мамки често се сведува на конфликт меѓу човекот и дивите животни. Главните групи вклучени во конфликтот се сточарите, ловочуварите и месојадните предатори како што се волкот и мечката. Генерално, отровна мамка се прави со попрашување парче храна со токсична материја, обично фитосанитарен производ како инсектицид, родентицид, фунгицид, хербицид или молусцид. Постои и ненамерно труење на дивиот свет кога земјоделци користат пестициди. Во овие случаи, некои видови на птици се изложени на отровни семиња.

Одлуката да се организираат работилниците во овие две локации не беше случајна. Според нашите податоци најчестите инциденти со труење на диви животни се регистрирани во мариовскиот регион. Истовремено, ние често спроведуваме мониторинг во регионот поради присуството на мршојадци. Затоа, клучно е да се соработува и комуницира со локалното население во овие области.

Витолиште

По презентациите, спроведовме и прашалници на локалното население за нивното знаење за преостанатата популација на мршојадци во земјата, како и нивната перцепција на труење на диви животни. Собраните информации се корисни за да ја разбереме моменталната перспектива на темата во овој регион.

Во следните 4 години, едукативните активности и работилници ќе бидат чести и клучни за успехот на проектот. Учество на локалното население во темата е важнo и неопходнo за да се реши проблемот.

Проектот „Балкан Детокс LIFE“ доби средства од Програмата LIFE на ЕУ.

Start typing and press Enter to search