Македонското еколошко друштво, заедно со своите членови, на 5 октомври одржа птичарење кај Смилковско Езеро, во чест на Европските денови за набљудување птици.
И покрај утринското невреме во Скопје, посетеноста на средбата беше одлична, а на локацијата можеа да се видат и многу видови птици кои Езерото го користеа како станица за одмор и храна при нивната миграција.
Видовме соколи, фазани, чапји, тринги, патки, штипчиња, нуркачи, галеби и други видови. А друштво ни правеа и локалните напуштени кучиња, на кои за наша среќа не им пречеше нашето присуство.
Во продолжение погледнете ги фотографиите чии автори се Велијан Јагев, Мирјана, Боби Кузманоски и Славе Накев.