Над 100 ученици од прво до трето одделение од училиштата од шарпланинските села Вешала, Бродец и Шипковица во текот на април учеа за значењето на балканскиот рис и другите природни убавини на националниот парк Шар Планина.
МЕД ги спроведе едукациите во соработка со НП Шар Планина. Учениците се запознаа со природните вредности на паркот преку едукативна боенка изработена во рамки на проектот „Зајакнување на заедниците во регионот на Шар Планина за одржливо управување со Европскиот зелен појас“ и други едукативни материјали од Програмата за закрепнување на балканскиот рис.
Во рамки на проектот „Зајакнување на заедниците во регионот на Шар Планина за одржливо управување со Европскиот зелен појас“ во мај вакви едукации ќе се одржат и во Скопје и Тетово.
Овие активности се поддржани од проект што МЕД го спроведува во партнерство со Центарот за едукација и развој и ЛАГ Шари од Косово. Проектот е поддржан од Европската Унија преку програмата БестБелт.