Годишна средба 2025

Македонското еколошко друштво ја одржа својата Годишна средба со членството за 2025 година. Минатата сабота, на 20 септември, членовите на МЕД се собраа во Инфо-центарот на НП Пелистер.

Таму беше отворена и патувачката изложба со фотографии од балканскиот рис, која претходно беше поставена во Хотел „Неда“ во Галичник и Инфо-центарот на НП Маврово.

Во официјалниот дел на средбата, раководителот на Програмата за закрепнување на балканскиот рис, Диме Меловски одржа презентација за предизвиците со кои балканскиот рис се соочува во денешнината.

Потоа следуваше кратка прошетка до локалитетот „Камена река“ на Пелистер, каде што Меловски повторно одржа кратко едукативно предавање за оваа интересна појава во природата.

Годишната средба беше одлична можност за членовите на МЕД подобро да се запознаат меѓу себе, и да се информираат за активностите кои се тековни и начините на кои може поактивно да се вклучат со својата експертиза.

Scroll to Top