Сомнителните случаи на смрт на птици во Андалузија, Шпанија се истражуваат детално, дури и со хеликоптери. Додека ваквите акции за разрешување на криминални дејства против дивиот свет можеби изгледаат нереално за наши услови тие и не се најважниот аспект. Она што е навистина важно во кривичните истраги се човечките ресурси, капацитетите и реалниот ангажман од надлежните органи. Затоа, оваа недела започна првиот курс на академијата за борба против криминални дејства против дивиот свет со надеж дека ќе ја пренесе шпанската експертиза и ќе ги зголеми капацитетите на Балканот и пошироко.
Капацитетите и спроведувањето на законот поврзани со криминал против диви животни имаат многу низок приоритет во повеќето балкански земји, така што речиси и да нема извршени пресуди или има само минимални казни. Ова значи дека криминалци, како оние кои поставуваат отровни мамки остануваат неказнети и ги продолжуваат своите незаконски активности без никакви последици. Проектот BalkanDetox LIFE има за цел да направи промена. Во изминатите три години, Фондацијата за зачувување на мршојадци (VCF) интензивно работеше заедно со локалните невладини организации и владините власти на Балканот на ова прашање преку Балканскиот проект против труење. Преку овој проект, ги идентификувавме релевантните претставници, подготвивме национални стратегии и формиравме национални работни групи за активности кои ќе спречат труење на диви животни. Ова искуство му овозможува на сегашниот проект BalkanDetox LIFE да ги спроведе потребните активности за подигање на свеста за да го позиционира криминалот против диви животни како приоритет, а исто така и да ја организира Академијата против криминал со диви животни.
Прв курс на Академијата за криминал против диви животни
Почнувајќи од вторник, на 29 јуни 2021 година, професионалци за заштита, полиција, токсикологија и ветеринарство од девет земји ќе се соберат во Казорла, Шпанија, за да присуствуваат на основна обука на Академијата против криминал со дивиот свет. Специјалисти за криминал со диви животни кои имаат повеќе од 15 години искуство во оваа област низ цела Европа, развија курсеви преку кои учесниците ќе станат експерти за криминалистички истраги поврзани со живиот свет. Кога учесниците ќе ги завршат сите три нивоа на Академијата во текот на следните години, тие ќе можат да проследат криминални дејства против дивиот свет од раната акција и CSI до последната постапка пред Судот. Генерално, Академијата ќе ги зајакне оперативните капацитети и ќе ги координира институционалните активности за поуспешно откривање и подобрување на управувањето со инциденти со труење, олеснување на непосреден и ефективен одговор на ваквите инциденти, како и зајакнување на спроведувањето за да се спречат криминалните активности.
Повеќе информации за овој проект можете да најдете на главната вебстрана.