Конференцијата „Bird Numbers 2025“, одржана во Рига, Латвија, од 31 март до 4 април 2025 година, ги собра истражувачите на птици и експертите за зачувување на природата од Европа на темата „Синергии во мониторингот за заштита“. Главните дискусии беа фокусирани на интеграцијата на различни извори на податоци, како што се националните атласи и долгорочните истражувања, со цел проценка на популациските трендови и донесување на ефикасни стратегии за заштита на птиците гнездилки во Европа. Конференцијата, исто така, ја истакна улогата на науката базирана на граѓанство во подобрување на напорите за собирање податоци за птици гнездилки и зголемување на јавната свест.
Покрај тоа, за време на конференцијата се одржаа работни состаноци на Медитернската мрежа на водни птици, на координаторите на зимското пребројување на птици водено од Wetlands international, и партнерски состанок на мрежата за воспоставување и управување на проектот Европскиот портал за птици.
„Големо значење се осврна на три теми – примена на напредни технологии како автоматизирано акустично набљудување во истражувањето на птиците, употреба на онлајн портали за собирање real-time податоци за птици кои даваат информации за ефектите од климатските промени врз промените на живеалиштата и промените во дистрибуцијата и популациите на птиците гнздилки во реално време, како и потребата од паралелно рзазвивање на политики за заштита и зачувување на птиците гнездилки и нивните живеалишта кои ќе донесат соодветни и долгорочни ефекти на заштита. Со растечкиот број на професионалци и аматери истражувачи и набљудувачи на птици и развојот на националната платформа (веб сајт и апликација ptici.mk) за собирање на податоци за птици, МЕД активно работи кон унапредување на познавањето на распространетоста и бројноста на птиците кои гнездат и се среќаваат на миграција низ земјата. Силата на граѓанската наука преку употреба на оваа платформа веќе дава супер резултати. Исто така МЕД веќе користи и има искуство со употреба на технологии со цел истражувања на птици кои се од национално или глобално значење за заштита Искуствата од оваа конференција ни покажа уште подобри технологии кои се веќе достапни за употреба на терен, кои тимот за истражување на птици во МЕД ќе ги искористи во понатамошните истражувања.“ – изјави Данка Узунова, претставник од МЕД на Конференцијата.
Прочитајте повеќе детали за постерите и оралните презентации од Конференцијата овде.