Објавена е брошурата за традиционално овчарство во регионот Шара, Кораб и Коритник. Оваа брошура ве носи на истражување низ пределите каде опстојува овчарството, производството на млечни производи и типични соеви овци. Брошурата во која е даден осврт и на биолошката разновидност во регионот ви ги претставува и познатите фестивали и настани поврзани со рурален туризам и традиционално сточарство.

 

 

 

 

 

Сите знаење и искуства за традиционалното сточарство се споделени од голем број на локални сточари од Македонија, Албанија и Косово. Брошурата ја изработивме во соработка со Еуронатур од Германија, ЦЕД од Теарце, ППНЕА од Албанија и Финч од Косово во рамки на Отворен регионален фонд за Југоисточна Европа – Биодиверзитет (GIZ/ORF BD), финансиран од Сојузното министерство за економска соработка и развој на Германија (BMZ).

Брошурата е достапна на следните јазици:

Македонски

Shqip

English

 

Start typing and press Enter to search