Според извештајот на Европската агенција за животна средина (ЕЕА) последиците од аерозагадувањето претставуваат најголема еколошка опасност по здравјето во нашата држава, односно има 120 смртни случаи на 100 илјади жители како последица на загадување на животната средина, или околу 2500 годишно (https://www.eea.europa.eu/publications/healthy-environment-healthy-lives).
Од овие причини нашиот тим се наоѓа пред голем предизвик за изнаоѓање на решение за справување со оваа сериозна опасност. Во втората етапа истражувањето го насочивме кон развивање на методи за земање на проба со помош на филтри за пасивна дифузија во различни временски интервали за да се утврдат оптималните интервали за собирање на испарливите органски соединенија и постапката за подготовка на примероците со екстракција со растворувач.
Истражувањето покажа дека изложувањето на филтрите во временски период од 4 недели е најсоодветен затоа што овозможува детекција и на некои од потврдено штетни соединенија за здравјето на живите организми. Овие соединенија, како на пример бензен, во воздухот потекнуваат од антропогени извори.
Досегашните резултати покажаа дека сме на вистинскиот пат за да можеме во следната фаза да преминеме кон следење на присуството и концентрацијата на овие супстанци на различни локации и во различни периоди.