Целта на овие содржини е да ве запознаеме со дивиот свет и животната средина, да ги продлабочиме вашите знаења на темата, но и да поттикнеме поинаква љубов кон природата.  Тука се опфатени куси информативни објави и содржини за рисот со кои ќе ви ја претставиме оваа таинствена мачка. Ќе опфатиме повеќе теми што ги отсликуваат животот на овој редок грабливец и заканите за неговиот опстанок. Секоја лекација е нова тема за која ви подготвуваме и интерактивни задачи според одделението.

Лице за контакт: Светлана Пејовиќ arsovska@mes.org.mk и Александар Павлов pavlov@mes.org.mk

Лекции

Лекција 7 – Закани за опстанокот на рисот

Рисот нема природни непријатели – единствен непријател му е човекот. Главните причини за негово исчезнување се поврзани со нелегалниот лов (криволов), уништувањето на шумите кои се негов дом, [...]

Лекција 6 – Теренско проучување на рисот

Рисот е мошне таинствено и претпазливо животно. Со своите добро развиени сетила за мирис, вид и слух, тој оддалеку ќе го забележи секој што му се доближува. Токму затоа и е многу тешко да се види [...]

Лекција 5 – Рисовите во светот и кај нас

Иако кај нас е редок, рисот во светот го има со различни распространување, бројност, но и изглед. Па така, треба да имаме на ум дека оваа граблива мачка ја има во четири различни вида: канадски [...]

Лекција 4 – Територија на балканскиот рис

Во споредба со други самотни животни, се чини дека евроазискиот рис има специфичeн начин на живеење, каде мажјаците имаат огромна територија од шумата населуваат повеќе женки, кои пак зафаќаа [...]

Лекција 2 – Живеалиште на рисот

Рисот живее длабоко во листопадни, мешани и зимзелени шуми, претежно на непристапни и карпести места. Ги одбира оние шуми кои имаат стабилни популации на копитари (срни, дивокози), и така има [...]

Лекција 1 – Биологија и екологија на рисот

Биологија и екологија на рисот Рисот ѝ припаѓа на класата цицачи, исто како кравата, кучето, мечката, волкот и др. Цицачите се животни што ги дојат своите млади. Рисот е дел од големата фамилија [...]

Start typing and press Enter to search