Од април, 2019 година МЕД започна со спроведување на тригодишен проект кој се однесува на мониторинг на одредени ретки растенија во границите на постоечките значајни растителни подрачја. Вкупно пет растенија (Campanula debarensis, Aesculus hippocastanum, Centaurea rufidula, Crocus jablanicensis и Astragalus physocalyx) и четири значајни растителни подрачја (Јабланица, клисурата на Црн Дрим, Богданци и Дојранско Езеро) ќе бидат опфатени со мониторингот.

Целта на проектот е да се обноват досегашните застарени податоци за распространувањето на одбраните растенија, со што ќе се добие увид за нивната популација и ќе се освежат информациите за статусот на некои од значајните растителни подрачја во Македонија. Во исто време ќе се работи и на популаризација на значајните растителни подрачја со посебен акцент на ретките растенија.

Мониторингот ќе се изведува под водство на двајца ботаничари по пропишани протоколи, но исто така ќе бидат вклучени и студенти заинтересирани за ботаника. Дополнително, дел од активностите ќе се спроведуваат во соработка со активни еколошки локални организации, како што е „Полимат13“ од Богданци.

Во Македонија се идентификувани 42 значајни растителни подрачја кои не се законски назначени. Истите се наоѓаат на официјалната меѓународна база на Плантлајф http://www.plantlifeipa.org/home. Флористичките истражувања во Македонија се сведени на минимум поради недостаток на кадар и средства за научно-истражувачка работа од областа на ботаниката. Овој проект ќе даде значителен удел во здобивање информации за популациите на неколку ретки национални растенија.

Проектот е финансиски поддржан од CEPF (Critical Ecosystem Partnership Fund) и се спроведува во рамките на една од стратешките определби на CEPF насловена како заштита на растенија, која е дел од долгорочната програма за зачувување на одредени жешки точки од медитеранот.

www.cepf.net.

“The Critical Ecosystem Partnership Fund is a joint initiative of l’Agence Française de

Développement, Conservation International, the European Union, the Global Environment Facility,

the Government of Japan, and the World Bank. A fundamental goal is to ensure civil society is

engaged in biodiversity conservation.”

Во текот на спроведувањето на проектот, Полимат 13 како локален назначен партнер кој делува на подрачјето на дистрибуција на Astragalus physocalyx, ќе биде посредник во пренесувањето на можните поплаки и жалби од локалното население до МЕД како главен национален координатор на проектот.

Сите вести, најави за настани и состаноци ќе бидат објавени навремено, на постоечките медиуми, веб-страни или социјални мрежи и на партнерската организација и на МЕД.

За секој можен конфликт, подносителот на поплаката ќе има можност да контактира со назначено лице за проектот на локално или национално ниво или до самиот финансиер на следниве адреси или контакти:

  • Надица Маџирова, Здружение за развој, едукација и еколошка етика – ПОЛИМАТ 13, ул. Маршал Тито бр.64, 1484 Богданци, 075 393 306 nadicamadzirova@gmail.com
  • Наталија Меловска, Македонско еколошко друштво, Борис Трајковски, ул.7, бр. 9а, 1000 Скопје, 078 371 175, angelova@mes.org.mk
  • Г-н Борут Рубиниќ, програмски координатор на CEPF за Балкан, Critical Ecosystem Partnership Fund (CEPF)|Regional Implementation Team (RIT) +386 (1)426 5875, rubinic@dopps.si
  • Г-н Пјер Карет, Директор за грантови на CEPF, Critical Ecosystem Partnership Fund (CEPF), 2011 Crystal Dr. Ste. 500, Arlington, Virginia, United States, (703 ) 341 2400, pcarret@cepf.net

 

МЕД ќе ги сподели сите поплаки – и предложениот одговор на поплаката – со Регионалниот тим за имплементација и директорот за грантови на CEPF во рок од 15 дена по поднесувањето. Ако тужителот не е задоволен со одговорот, истиот може да ги достави поплаките директно до Извршниот директор на CEPF на следната адреса epfexgment@conservation.org или преку пошта. Ако тужителот не е задоволен и од одговорот на Извршниот директор на CEPF, тогаш може да ја достават поплаката и до Светска банка на адреса на локалната канцеларија.

Start typing and press Enter to search