На 11 декември на Шар Планина во Косово се одржа средба меѓу претставници на националниот парк „Маврово“ од Македонија и националниот парк „Малет е Шарит“ од Косово во организација на Македонско еколошко друштво.
Целта на оваа средба беше да се претстави работата на МЕД за зачувување на балканскиот рис како и првите резултати од спроведениот мониторинг на дива коза во националниот парк „Маврово“ во соработка со вработените од паркот.
Учесниците разменија мислење во однос на идна прекугранична соработка на двата национални паркови но ги споменаа и заедничките проблеми во однос на опаѓање на сточниот фонд, прекугранично користење на некои ресурси како дивеч, пасишта и боровинка како и специфични предизвици со кои се соочуваат двата парка.
Средбата беше организирана во рамки на активностите од Акционен план за зачувување и заштита на балканскиот рис во НП „Маврово“ што МЕД го спроведува во партнерство со овој парк.