На 24 септември 2017 во Градскиот парк, во кафулето „Центарал Парк“ – Скопје и околниот простор, се прослави „Денот на зелениот појас“, со низа активности и изложба на фотографии од зелениот појас во Македонија. МЕД преку интерактивни игри им помогна на најмладите да научат нешто повеќе за животот на рисот, инсектите, птиците и дрвјата.

Нашата земја како дел од иницијативата „Европски зелен појас“ втора година по ред го одбележува овој значаен ден и ја подигнува свеста на граѓаните за богатите предели коишто се дел од Балканскиот зелен појас.

Иницијативата „Европски зелен појас“ стреми кон зачувување на значајните предели во Европа кои се зачувале благодарение на намаленото движење за време на студената војна.

 

 

Start typing and press Enter to search