Градоначалниците на Струга и Вевчани, како и на општините од Албанија, Либражд, Стеблева, Луник и Рајца ја поддржуваат иницијативата планинскиот масив Јабланица – Шебеник да се прогласи за прекугранично заштитено подрачје. Тие оваа поддршка ја изразија и формално, потпишувајќи писмо за поддршка во кое изразуваат волја да се зголеми соработката на планинскиот масив Јабланица-Шебеник се со цел зачувување на природните ресурси, развој на еко туризмот и одржлив развој во регионот.
– Доколку Јабланица се поврзе со планинарски патеки од двете страни на границата, тогаш би имале размена на туристи во двете земји кои би уживале во убавините на планината. Ја поддржувам идејата за Јабланица да се прогласи за национален парк, но истовремено сакам да продолжи економскиот развој во општината што е мој приоритет – изјави градоначалникот на Струга, Зиадин Села.
Според градоначалникот на Вевчани Цветомир Угриноски прекуграничното заштитено подрачје може да донесе само бенефит на населението.
– Ја поддржувам иницијативата и сметам дека ние пограничните општини од Македонија и Албанија треба да соработуваме повеќе бидејќи туристите од странство не сакаат само лежење на плажа туку сакаат за време на својот престој освен Струга и Охрид да се прошетаат и во планина и да видат нешто поразлично од масовен туризам, затоа треба да работиме заеднички кон подобрување на услугите и кадарот за да го развиваме екотуризмот – изјави Угриноски.
Градоначалниците од општините Стеблева, Либражд и Луник при посетата во општина Струга и Вевчани го пренесоа позитивното искуство, бидејќи Јабланица-Шебеник функционира како национален парк веќе шест години во Албанија.
– Ве поддржуваме и охрабруваме да ја поддржите иницијативата Јабланица да се прогласи за национален парк, бидејќи кај нас значително се подобрија работите откако има поголема контрола на ресурсите од една страна, а самиот регион полека но сигурно станува бренд за планински и еко туризам – изјави граночалникот на општината Центар Либражд, Енвер Шкурти.
Средбите на градоначалниците од Македонија и Албанија се дел од посетите за размена на искуства организирани од страна на Македонско еколошко друштво, покрај претставници на локалните самоуправи на овие средби учествуваа и претставници од НП Јабланица-Шебеник, невладини организации и јавни претпријатија кои стопанисуваат со шуми од Албанија. Посетата се организираше во рамки на ИПА прекуграничниот проект „Подобрување на прекуграничната соработка и развој на планинскиот масив Јабланица – Шебеник преку активна вклученост на локалното население“, финансиран од ЕУ.Mayors of Struga and Vevcani from Macedonian side, as well as their colleagues from the Municipalities of Librazhd, Stebleva, Lunik and Rajca from Albanian side, give full support for the initiative for the Jablanica – Shebenik Mountain range to be proclaimed as trans boundary protected area. This support was given in official manner by signing a letter of support for enhancing the cooperation within the Jablanica – Shebenik region, with the aims of natural resources conservation, development of the eco-tourism and sustainable use of natural resources.
– If Jablanica gets its hiking trails along the both sides of the border, then we would have exchange of tourists enjoying the natural beauties of the mountain in both countries. I personally support the idea of Jablanica becoming a National Park, but at the same time as my priority I wish continuation of the economic development of the Municipality – says Ziadin Sela, Mayor of Struga.
According to Cvetomir Ugrinoski, Mayor of Vevcani, a trans boundary protected area can only give benefit to the population.
– I support the initiative and also think that Municipalities along the border between Macedonia and Albania should strengthen their cooperation, because the foreign tourists coming to Struga and Ohrid not always prefer the Lake side, but they are also keen on walk to the mountain and looking at something different from the mass tourism. Therefore I think we should work together with the focus on improving the services and the personnel in order better development of the eco-tourism, – says Ugrinoski.
During the visit to Struga and Vevcani, Mayors from Stebleva, Librazhd and Lunik shared their positive experience from the Shebenik National park, which was established six years ago.
– We support you and we encourage you to go on with the initiative of proclaiming Jablanica as a National Park, as we have significantly improved the control over the natural resources on one hand and the region itself is becoming a brand for mountain and ecotourism, – says Enver Shkurti, Mayor of the Municipality of Centar Librazhd from Albania.
The meetings of the Mayors are organized by the Macedonian Ecological Society and are focused on exchange of experience. Besides the local governments, members of non-government organizations and public enterprises from the Forestry department in Albania also took part on these meetings.