Јавен повик бр. 3/2025 за спроведување на постапка за доделување на договор за набавка на патничко моторно возило со погон на сите четири тркала

Договорниот орган Македонско еколошко друштво (МЕД), преку проектот: „Преспа – зелена и сина иницијатива: Зајакнување на заштитата преку истражување, едукација и комуникација“, проект за надворешни активности на Европската Унија, спроведуван од Македонско еколошко друштво во соработка со Општина Ресен и НП Галичица, објавува јавен повик за спроведување на постапка за доделување на договор за набавка на патничко моторно возило со погон на сите четири тркала.

За таа цел, договорниот орган спроведува постапка за доделување на договор за јавна набавка на стоки со број 03/2025.

Ве молиме да ни ја доставите Вашата понуда со целокупната документација за горенаведениот предмет на договорот за јавна набавка по пошта или да ја доставите лично на начин опишан во документацијата за јавниот повик на една од следниве адреси:

– Канцеларија Скопје: улица „Тодор Скаловски“ бр. 9А, 1000 Скопје
– Канцеларија Ресен: улица „Гоце Делчев“ бр. 7, 7310 Ресен

најдоцна до 19.12.2025 во 15:00 часот задолжително со назнака „За јавен повик број 03/2025“ и текст „да не се отвора пред датумот за евалуација на понудите“.

Документација по однос на повикот се состои од следните делови: инструкции за економските оператори, технички спецификации, изјава за сериозност на понудата, изјава за независна понуда и образец на понудата.

Дополнителните прашања во врска со повикот може да се достават на следниве адреси: zaec@mes.org.mk или gjurgjevikj@mes.org.mk. Прашањата може да се достават не подоцна од 15 дена од денот на објавување на повикот.

Целосната документација за јавниот повик може да се преземе во ПДФ формат на следниот ЛИНК.

Scroll to Top