
Назив на позицијата: Координатор за комуникации
Локација: Скопје
Тип на договор: Полно работно време
Рок за аплицирање: 14.11.2025
1. ЦЕЛ НА РАБОТНОТО МЕСТО
Координаторот за комуникации го поддржува развојот и спроведувањето на внатрешните и проектно-специфичните комуникациски стратегии на организацијата со цел зголемување на видливоста, јавната свест и вклученоста во иницијативи за заштита на природата и биолошката разновидност. Оваа позиција обезбедува стратешка, усогласена и ефективна комуникација во согласност со целите на проектите и на организацијата.
2. ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ
- Развој и имплементација на комуникациски стратегии и планови. Редовна комуникација и соработка со медиуми, засегнати страни, донатори, локални и меѓународни партнери.
- Планирање, координирање и подготовка на текстуални и мултимедијални содржини за дигитални и традиционални медиуми (веб-страница, социјални мрежи, билтени, соопштенија за медиуми, видеа и слично).
- Уредување на веб-страници и управување со комуникациски канали на социјалните мрежи.
- Надгледување на дизајн, подготовка и дистрибуција на промотивни материјали.
- Организација и модерација на јавни настани (работилници, презентации, панел-дискусии, фестивали и слично).
- Усогласување на комуникациските активности на организацијата со правилата за видливост на донаторите (на пр. ги следи Правилниците за комуникација na ЕУ).
- Следење, анализа и известување за резултатите и индикаторите од комуникациските активности.
3. КВАЛИФИКАЦИИ И ИСКУСТВО
- Универзитетска диплома во областа на комуникациите, односите со јавноста, новинарството, маркетингот, екологијата или сродни области.
- Минимум 3 години професионално искуство во областа на комуникациите, по можност во еколошки или невладин сектор (искуство со водење комуникации за ЕУ-проекти претставува предност).
- Одлични вештини за пишување и уредување на македонски и на англиски јазик (кандидатите ќе бидат тестирани за познавање на англиски јазик).
- Докажано искуство во управување со социјални мрежи, креирање содржини и одржување на веб-страници.
- Искуство во јавно говорење, организација и модерација на настани.
- Солидни компјутерски вештини, вклучувајќи познавање на пакетот Microsoft Office. Искуство во работа со софтвер за графички дизајн и уредување на видеа и креирање мултимедијални содржини (на пр. Canva, Adobe Suite).
- Ентузијазам за природата и страст за зачувување на биолошката разновидност, како и подготвеност за работа на терен и престој во природа.
4. ХИЕРАРХИЈА НА ИЗВЕСТУВАЊЕ
Одговара пред: Раководител на проект / Директор
Соработува со: сите структури на МЕД, а најтесно со проектните тимови и надворешните добавувачи на комуникациски услуги.
5. ИНДИКАТОРИ ЗА УСПЕШНОСТ
- Навремено спроведување на комуникациските планови и стратегии.
- Квалитет и конзистентност во подготовката на комуникациски и промотивни материјали (вести, објави, соопштенија за медиуми и сл.).
- Позитивна медиумска покриеност, зголемен досег до публиката и вклученост на целните групи и јавноста во комуникациските активности на организацијата.
- Усогласеност со насоките за видливост и барањата за известување на донаторите.
- Позитивна евалуација при мониторинг и завршни проценки на проектите (особено за ЕУ-финансирани проекти).
6. ШТО НУДИМЕ
- Работно време: 40 часови неделно
- Пробен период: 2 месеци од почеток на работниот ангажман
- Плата: 48.000,00 денари почетна плата, со можност за зголемување врз основа на работно искуство, перформанси, степен на образование и обем на работа
- Релативно флексибилна работна динамика – работа во канцеларија, на терен и онлајн
- Работна средина базирана на соработка и поддршка, со можности за дообука и професионален развој.
7. КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ
Заинтересираните кандидати треба најдоцна до 14.11.2025 година, на електронските адреси uzunova@mes.org.mk и contact@mes.org.mk, да ги испратат следните документи: професионална биографија (CV), мотивациско писмо (не подолго од една страница), портфолио со релевантни дела (на пр. портфолио од спроведени проекти) и контакт од 2-3 референтни лица кои може да бидат контактирани околу претходните работни ангажмани. Ве молиме во насловот на испратеното писмо да ја наведете темата: „Апликација за координатор за комуникација МЕД Скопје – [Вашето име]“.
Придружете ни се да придонесеме во заштитата на природата и биодиверзитетот на Македонија! Со нетрпение ги очекуваме вашите апликации!
8. ЗА НАС
Македонско еколошко друштво (МЕД) е најстарата граѓанска организација од полето за животната средина и природата во Македонија, со посветен тим кој работи на истражување и зачувување на биодиверзитетот. Нашата мисија е да го заштитиме и промовираме уникатното природно наследство на национално ниво, преку научни истражувања, вклучување на заедницата, едукација и меѓународна соработка.
За дополнителни прашања, контактирајте нè на uzunova@mes.org.mk и contact@mes.org.mk
