Јавен повик

Јавен повик бр. 2/2025 за спроведување на постапка за доделување на договор за набавка на услуги за изработка на План за управување и Годишна програма за Паркот на природата „Езерани“

Македонско еколошко друштво (МЕД), преку проектот: „Преспа – зелена и сина иницијатива: Зајакнување на заштитата преку истражување, едукација и комуникација“, проект за надворешни активности на Европската Унија, спроведуван од Македонско еколошко друштво во соработка со Општина Ресен и НП Галичица, објавува јавен повик за изработка на План за управување и годишна програма за Паркот на природата „Езерани“.

Заинтересираните субјекти потребно е да ја достават целокупната документација по пошта или лично, на начин опишан во документацијата за јавниот повик, на една од следниве адреси на Македонското еколошко друштво:

– Канцеларија Скопје – улица „Тодор Скаловски“ број 9А, 1000 Скопје

– Канцеларија Ресен – улица „Гоце Делчев“ број 7, 7310 Ресен

не подоцна од 10.10.2025 година (петок) до 15:00 часот, со назнака “За јавен повик бр. 02/2025“ и текст „да не се отвора пред датумот за евалуација на понудите”.

Документација за јавниот повик, вклучувајќи ги и критериумите за евалуација се достапни на интернет страната на Македонско еколошко друштво: www.mes.org.mk

Заинтересираните субјекти може да поставуваат прашање исклучиво во пишана форма на следнава е-пошта: eftimovski@mes.org.mk најдоцна до 03.10.2025 година.

Целосната документација за јавниот повик е достапна за преземање во ПДФ формат на следниот линк.

 

Scroll to Top