Назив на работно место: Административен и финансиски асистент
Локација: Скопје, Р. Северна Македонија
Тип на договор: Договор на определено време
Рок за аплицирање: 22.09.2025 година
- ЦЕЛ НА РАБОТНОТО МЕСТО
Бараме aдминистративен и финансиски асистент кој/а ќе обезбедува финансиско управување, административна координација и логистичка поддршка за ефикасна имплементација на LIFE проект, во согласност со финансиските регулативи на Европската комисија, Правилникот на LIFE програмата и Договорот за грант на проектот.
Оваа позиција обезбедува сите трошоци да бидат соодветно евидентирани, прифатливи и документирани, а административните задачи да се завршуваат навремено и во согласност со правилата.
- КЛУЧНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ
- Финансиска администрација
- Следење на трошењето и информирање за состојбата со проектниот буџет .
- Проверка на прифатливоста на трошоците и усогласеност со Финансиските насоки на Програмата LIFE (согласно PRAG, https://wikis.ec.europa.eu/spaces/ExactExternalWiki/pages/152798604/ePRAG).
- Прибирање, проверка и архивирање на придружна документација (фактури без ДДВ, сметки, работни табели , договори, тендерска документација).
- Помош при подготовка на периодични и завршни финансиски извештаи за доставување до Европска Комисија.
- Водење евиденција за плати и работни табели за вработените на проектот, според правилата на Програмата LIFE.
- Подготовка и одржување на документација подготвена за ревизија за сите трошоци.
- Административна поддршка
- Одржување организиран систем за архивирање (хартиен и електронски) за целата проектна документација.
- Асистенција на координаторорт при управување со проектната кореспонденција, вклучително и изготвување дописи, email и формулари за ЕК.
- Закажување и асистирање за време на состаноци, работилници и обуки.
- Подготовка на записници од состаноци и нивна дистрибуција до релевантните страни.
- Организирање патувања, сместување и логистика за вработените и партнерите.
- Асистенција на координаторорт при набавка на опрема финансирана од LIFE и одржување на регистар.
- Обезбедување превод на административни или финансиски документи кога е потребно.
- Координација и усогласеност
- Осигурување дека сите активности на проектот се во согласност со Правилникот на Програмата LIFE и Договорот за грант.
- Комуникација со водечката организација на проектот за навремено доставување на извештаи и документација.
- Поддршка на раководителот на проектот и финанскиот менаџер во комуникацијата со мониторинг тимот на ЕК и ревизорите на Програмата LIFE.
- Помош при постапки за јавни набавки: подготовка на тендерска документација, прибирање понуди, изработка на евалуациски извештаи.
- КВАЛИФИКАЦИИ И ИСКУСТВО
Задолжителни:
- Универзитетска диплома по економија, бизнис администрација, финансии, сметководство или сродна област; ИЛИ еквивалентна професионална обука со најмалку 5 години релевантно искуство.
- Најмалку 3 години искуство во управување со финансии и администрација на проекти, по можност финансирани од ЕУ фондови.
- Докажано познавање на правилата за прифатливост на трошоците на ЕУ, процедурите за јавни набавки и барањата за известување.
- Одлично владеење на Microsoft Excel, MS Office и сродните апликации во Libre Office.
- Одлични организациски вештини и внимание на детали.
- Мајчин јазик – македонски, со добро познавање на англиски јазик (B2 или повисоко).
Посакувани:
- Претходно искуство со IPA програмата или други ЕУ проекти
- Познавање на терминологија и цели за заштита на биодиверзитетот.
- Основни познавања во управување со финнсии
- Искуство со софтвер за управување со проекти.
- ХИЕРАРХИЈА НА ИЗВЕСТУВАЊЕ
Административниот и финансискиот асистент директно одговара на Раководителот на проект и работи во тесна координација со Финансискиот менаџер и техничкиот тим.
- ИНДИКАТОРИ ЗА УСПЕШНОСТ
- Навремено и точно следење на буџетот и финансиско известување.
- 100% усогласена документација за сите трошоци на проектот.
- Без негативни забелешки од мониторинг посети или ревизии на ЕК поврзани со финансиските/административните постапки.
- Ефикасно спроведување на состаноци, настани и комуникација со партнерите на проектот.
- Почитување на проектните рокови и роковите за известување кон LIFE.
- ШТО НУДИМЕ
- Работно време: 40 часови неделно
- Пробен период: 2 месеци од почеток на работен ангажман
- Плата: 44.000, 00 денари почетна плата, со можност за зголемување врз основа на работното искуство, перформансите, степенот на образование и обемот на работа
- Времетраење: Договор на дело за првите два месеци, со можност договорот да трае до 30ти јуни 2030 година.
- Релативно слободна работна динамика – работа во канцеларија и онлајн
- Работна средина базирана на соработка и поддршка
- Можности за професионален развој.
- КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ
Заинтересираните кандидати се поканети до 22.09.2025 година да достават на uzunova@mes.org.mk и contact@mes.org.mk свое резиме (CV), мотивациско писмо (не подолго од една страница), портфолио со релевантни дела (на пр. портфолио од спроведени проекти) и контакт од 2-3 референтни лица кои може да бидат контактирани околу претходните работни ангажмани. Ве молиме во насловот да ја наведете темата: „Апликација за административен и финансиски асистент – [Вашето име]“.
Придружете ни се за да направиме разлика за природата на национално ниво! Со нетрпение ги очекуваме вашите апликации!
ЗА НАС
Македонско еколошко друштво (МЕД) е најстарата граѓанска организација од полето за животната средина и природата во Македонија, со посветен тим кој работи на истражување и зачувување на биодиверзитетот. Нашата мисија е да го заштитиме и промовираме уникатното природно наследство на национално ниво, преку научни истражувања, вклучување на заедницата, едукација и меѓународна соработка.
***
За дополнителни прашања, контактирајте нè на uzunova@mes.org.mk и contact@mes.org.mk.