Македонското еколошко друштво во соработка со Зоолошката градина во Скопје, на 19 јануари 2025, одржа едукативен настан за хранилки за птици. Искра Манојлоска од МЕД и Војо Иванов од ЗОО Скопје пред присутните одржаа кратка обука за тоа како да им помогнат на птиците полесно да ја поминат зимата во градските средини.

На присутните посетители на настанот им беа поделени хранилки за птици, кои ќе можат да ги постават на своите тераси и дворови.

Во рамки на настанот, посетителите можеа да го проследат еден од дневните оброци на пингвините во Зоолошката градина, а од страна на ЗОО негователите им беше презентирано и најновото бебе пингвин кое се испилило минатиот месец.

Публиката со големо внимание го проследи настанот и имаше голем интерес за темата, а едукаторите беа тука да им одговорат на сите прашања.

 

Start typing and press Enter to search