Претседателот на Македонското еколошко друштво, проф. д-р Славчо Христовски и директорот на Театар Комедија, Дарко Спасов на 26.11.2024 потпишаа Меморандумот за соработка.
Се радуваме на претстојната соработка, преку која ќе се обидеме да ја подигнеме јавната свест за темите кои нѐ обединуваат. Ќе започнеме со изложба и предавање „Македонските автохтони видови водоземци и влекачи“, а понатаму следува и изработка на мурал на балканскиот рис на објектот на театарот. Рисот претставува заштитен вид и е нашата гордост, за која носиме одговорност да ја зачуваме.