Новите потфати во Програмата за зачувување на балканскиот рис се стратешки напредок во развивање на нови решенија и работење со нови целни групи со истата цел – да ја зачуваме популацијата на балканскиот рис. Нашиот тим останува составен од пет различни организации од пет земји и сите наши напори се меѓународни и базирани на наука. Имаме среќа зачувувањето на рисот да привлекува научници од многу нации кои се подготвени да разменат искуства и знаење од кои ние можеме да продолжиме да градиме соодветни решенија за сите предизвици со кои се соочува рисот. И понатаму се потпираме на вас, поддржувачите на МЕД, да бидете поддршка во напорните процеси кои ни претстојат. Со многу возбудливи нови вести се читаме/гледаме/слушаме наскоро!
Целиот билтен со сите наши достигнувања од изминатото полугодие е подолу:
Билтен на Програмата за закрепнување на балканскиот рис
Balkan Lynx Recovery Programme Newsletter
Programi për rimëkëmbjen e rrëqebullit të Ballkanit Newsletter