Призрен, 13.04.2022 – Претставниците на платформата „ Пријатели на Шара“ во којашто членува и МЕД учествуваа на прекугранична средба со преттавниците на двата лагови од Косово и Албанија „Шари“ од Косово и „Кораби“ од Албанија на 13 април во Призрен Косово.
-
„Се радуваме што платформата „Пријатели на Шара“ има идни соработници од регионот Шара-Кораб-Коритник од Косово и Албанија и се надеваме дека двете групи што поскоро ќе започнат со конкретни активности за зачувување на природните ресурси и подобрување на условите за живот на локалното население. Ние како платформа постоиме од 2015 година и можеме да го споделиме искуството со вас.“, изјави Метин Муареми, претседател на платформата „Пријатели на Шара“.
Претставничките на двете локани акциони групи од Косово и Албанија истакнаа дека постојат различни можности за прекугранична соработка но дека првенствено овие групи треба да се формализираат според принципите на ЛИДЕР, да изберат свој претседател и започнат да работат на различни проекти.
Лаговите од трите земји се одлична платформа за прекугранична соработка во контекст на зачувување на природата и линк меѓу заштитените подрачја во регионот. Во лаговите во Косово и Албанија членуваат и претставници на зашитените подрачја, бизнис заедница, невладин сектор и други клучни чинители.