Призрен, 14 април – Во националниот парк Шари во Косово од 12- 14 април по подолга пауза и онлајн состаноци претставниците на проектот „Одржлива иднина за регионот Шара-Кораб-Коритник“ што обединува 13 модел проекти од регионот се сретнаа во Призрен да разменат искуства.
Освен овој состанок во рамки на проектот се одржаа и тековни планирачки состаноци на проектниот тим составен од четири организации во четири земји (Македонија, Косово, Албанија и Германија).
На состанокот проектите од трите земји на тема туризам, култивирање и одржливо сточарство и пчеларство разменија искуства и контакти за понатамошна соработка на прекугранично ниво. Иако лидерите работат на ист планински масив, проблемите во регионот можат да бидат многу различни кога се работи за работата на пчеларите или сточарите.
Следна ваква средба се планира во септември 2022 година во националниот парк „Шар Планина“.
Проектот „Одржлива иднина за регионот Шара-Кораб-Коритник“ е поддржан од Германската фондација за животна средина ДБУ и АЕГЕ Јенсен. МЕД го спроведува во соработка со Еуронатур од Германија и своите регионални партнери ППНЕА од Албанија и ЦНВП од Косово.