Веќе 15 години, Програмата за зачувување на балканскиот рис работи во сите земји во кои се наоѓа овој подвид. Балканскиот рис е критично загрозен подвид на евроазискиот рис и се наоѓа на на Бернската Конвенција, поради која неговото зачувување е приоритет во сите држави во кои може да се забележи. Но времето за негово зачувување истекува! Се поизвесно е дека балканскиот рис исчезнува заедно со шумите кои се негов дом. Шумите се незаменливи за рисот, тие обезбедуваат засолниште и храна како и коридори за поврзување со други популации и хабитати. Ако ги изгубиме шумите, ќе го изгубиме и рисот. Сепак, има зрак на надеж за балканскиот рис!

Прочитајте детали за нашата работа и работата на нашите партнерски организации во најновото издание на билтенот на следниот линк.

 

 

Start typing and press Enter to search