Доколку сакаме ефективно да ги заштитиме загрозените животински видови, борбата со криминалот против дивиот свет е клучна! Жалната вистина е дека луѓето кои стојат зад сериозните кривични како труење на диви животни или пак криволов најчесто поминуваат не казнети, додека тоа придонесува да ги повторат делата a во меѓувреме дивиот свет трпи огромна штета. Академијата за кривични дела против дивиот свет организирана од страна на Фондацијата за заштита на мршојадците и регионалната власт на Андалузија има за цел да го промени тоа.
Напреден курс на Академијата за кривични дела против дивиот свет
По неколку години припрема, првиот курс во рамки на академијата се случи ова лето во Шпанија . На настанот приуствуваа клучни чинители од државните институции кои работат на овој проблем и невладини организации од речиси целиот Балкан. Учесниците беа обучени за тоа како да детектираат, координираат и истражат кривични дела против дивиот свет а особено труење на диви животни. Учесниците повторно се сретнаа во ноември за напредниот курс каде имаа можност да ја подобрат нивната специјализација и експертиза. На курсот присуствуваа претставници од МЕД, МВР и Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје.
Специјализација за форензика и полициска истрага на кривични дела против дивит свет
Базирано на 15 години искуство, експертите од Регионалната власт на Андалузија и ЕУРОПОЛ беа одговорни за концептуализацијата и спроведувањето на курсот. Целта на курсот беше да се обучат државните институции да можат да ги третираат овие кривични дела со со сериозноста која ја заслужуваат. Така што, доколку умре белоглав мршојадец со предавател или пак се појави труп од мечка среде шума, клучните чинители би требало да постапат рутински и да ги преземат потребните чекори за расветлување на случајот. На Академијата беше демонтриранот токму тоа.
Учесниците имаа прилика да научат сѐ за истрага на местото на злосторството (CSI) – како да направат систематски истраги и прибирање на доказен материјал користејќи дидактичка логика. На предавањата беа покриени и низа сродни теми, од прибирање на отпечатоци од прсти, користење тренирани кучиња и тренинг за говор на телото.
Да не заборавиме на форензиката – важен елемент на истрагата каде форензичарите го анализираат доказниот материјал со цел да стигнат до објективни заклучоци за причината на смрт како и гонење на сторителот. На курсот беа опфатени клучни аспекти на форензиката како форензичката ентомологија, не конвенционално семплирање, интерпретација на токсиколошките анализи и.т.н.
Единствениот заедно може да се бориме против еколошкиот криминал и доколку учиме едни од други. Академијата за кривични дела против дивиот свет ќе продолжи да работи посветено на овој сериозен проблем заедно со експертите во оваа проблематика од Европа и пошироко.
Наредната година Академијата ќе вклучи втора генерација учесници од релевантните институции како органите на прогонот, патолози, форензичари, ветеринари и токсиколози а се надеваме дека ќе успее да функционира и во наредните години.