Идентификација на значајни растителни подрачја во Македонија

[vc_row][vc_column][vc_column_text css=”.vc_custom_1524234303466{margin-bottom: 0px !important;}”]Времетраење: 2007–2009 г.

Финансиер: Фондација МАВА

Партнери: PlantLife International

Цел на проектот: Програмата за Значајни растителни подрачја (ЗРП) беше имплементирана во државите од Југоисточна Европа, а националниот партнер од Македонија беше Македонското еколошко друштво. Проектот беше реализиран во две фази:

–  Идентификација на значајните растителни подрачја во Македонија и собирање на теренски информации за нивните ботанички карактеристики, статус на заштита, управување, употреба на земјиште и поголеми закани кои им влијаат.
–  Демонстрација на активностите за заштита на значајните растителни подрачја преку имплементација на пилот-проектот.

Резултати: во Македонија беа идентификувани 42 значајни растителни подрачја кои сочинуваат 18% од вкупната територија на државата. Само 13 од нив се заштитени на национално ниво. Шар Планина беше избрана како пилот-локација, стремејќи се кон едукација на планинарите и други посетители кои се занимаваат со рекреација за вредностите на флората и фауната од овој регион. Изработена е национално издание под наслов „Идентификација и заштита на ЗРП во Македонија“, во кое е даден краток осврт на состојбата, статусот на заштита, како и присутни закани во идентификуваните 42 ЗРП.[/vc_column_text][mk_divider style=”shadow_line” margin_bottom=”30″][mk_fancy_title tag_name=”h3″ size=”30″ force_font_size=”true” size_smallscreen=”30″ size_tablet=”25″ size_phone=”22″ font_family=”none”]Новости од МЕД[/mk_fancy_title][mk_blog style=”thumbnail” grid_image_height=”300″ cat=”21″][/vc_column][/vc_row]

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top