Ви ги претставуваме одобрените проекти во категоријата на средни грантови при програмата за поддршка на млади еколози „д-р Љупчо Меловски” за 2022ра година. Се надеваме дека проектите во оваа категорија ќе придонесат кон развојот на млади научници кои ќе продолжат со ангажман во полето на екологијата и ќе обезбедат решенија за проблемите со кои се соочуваме.

1. Еволуција или фенотипска пластичност кај Cyclotella caviitata – одговор кон еколошките промени во Охридско Езеро во текот на Квартерен период

Раководител:  Душица Заова

Резиме: Опстанокот на живите организми е условен од нивната способност да одговорат на промените во животната средина преку морфолошки, физиолошки и/или генетски промени (Hetem et al. 2014; Ho & Zhang 2018; Fox et al. 2019). Видовите кои нема да успеат да се прилагодат на новонастанатите услови се подложни на исчезнување (Kender et al. 2016). Следењето на способноста кај организмите за адаптација е особено важна за да се предвиди можноста и начинот на кој организмите би се адаптирале на идните услови. Предложеното истражување ќе биде спроведено преку анализа на Cyclotella cavitata-ендемичен вид од Охридско Езеро кој живее(л) во езерото низ текот на Kвартерот. Кое е потеклото на овој вид, како и дали успеал да преживее до денес и на кој начин се адаптирал на промените ќе се анализира преку употреба на морфометриски анализи на СЕМ и математички модели. Се очекува да се добијат податоци за правецот на еволутивните процеси и одговорите на популациите кон климатските промени во текот на Квартерот.

Целта на истражувањето ќе се постигне преку одговори на следниве прашања:

  • Какво е потеклото на Cyclotella cavitata?
  • Дали и како Cyclotella cavitata преживеала за време на Квартерниот период?
  • Како Cyclotella cavitata се адаптирала на цикличните климатски промени?
  • Дали промените во морфологијата се резултат на фенотипска пластичност или еволутивни промени-Точкаст еквилибриум?

Најзначајни резултати:

Спроведените истражувања укажуваат на континуирано постоење на видот C. cavitata во периодот од 1.1-0.150 Ма. Со подетални анализи спроведени за периодот од 1.05-0.815 Ма утврдена е значајна морфолошка варијација која веројатно била повеќе резултат на локалните промени во езерото како што се промени во миксијата, достапноста на хранителните материи и локалната температура. Климатските промени карактеристични за Квартерниот период имале помал ефект врз морфологијата на видот, но со постепеното продлабочувањето на езерото забележана е и постепена интензификација на нивното влијание. Ваквите промени во морфологијата најверојатно биле со цел видот да се прилагоди на новонастанатите услови придонесувајќи и кон негови значајни микроеволутивни промени.

А continuous existence of the species C. cavitata during the period 1.1-0.150 Ma has been evidenced. More detailed analyses for the period 1.05-0.815 Ma revealed significant changes in the specie morphology, probably due to local variations in the lake, such as changes in mixing, nutrient availability, and local temperature. Climatic changes characteristic for the Quaternary had an insignificant effect on the species morphology, but as the lake subsequently deepened, an increase in their influence was observed. The morphological changes in the specie were probably a mechanism for species adaptation to the new conditions contributeing to its significant microevolutionary changes.

 

Kористена литература за „Еволуција или фенотипска пластичност кај Cyclotella caviitata -одговор кон еколошките промени во Охрдско Езеро во текот на Квартерен период“ на Душица Заова

 

2. Микробни биофунгициди како алтернативна биолошка заштита на растенијата (MICROBIOFUN)

Раководител:  Софија Костандиновска

Резиме: Прекумерната употреба на разорни хемиски агенси во земјоделството предизвикува низа негативни ефекти врз животната средина (Prabha et al., 2016).  Биопестицидите претставуваат современа алтернатива, кои ја штитат животната средина од глобалниот проблем со пестицидното загадување (Ardakani et al., 2009; Marrone, 1999). Биофунгицидите се природни, еколошки, биоразградливи препарати кои се користат за контрола на штетници, но за разлика од хемиските, тие се специфични и не предизвикуваат резистентност кај целните организми (Muhammad et al., 2022). Транзицијата од хемиски пестициди кон биофунгициди ветува намалување на стапката на еколошко загадување (Montesinos, 2003). Р.С. Македонија е увозно зависна за вакви биопрепарати и ќе остане таква сè додека не се воочат природните потенцијали на нашите почвени микрозаедници.  Бидејќи биофунгицидите се еколошки биопродукти, целта на овој проект е изолација на нативни микроорганизми кои покажуваат антифунгална активност од различни типови почва на територија на Р.С. Македонија. Понатаму ќе се тестираат овие пилот биофунгициди врз најчестите фитопатогени, преку воочување на овој ефект in vitro и во полулабораториски услови.

Целта на истражувањето ќе се постигне преку разгледување на следниве хипотези:

Контаминирани почви располагаат со повеќе антимикробни соеви.

  • Контаминирани почви располагаат со повеќе антимикробни соеви
  • Застапеноста на антимикробните изолати е најголема во есен.
  • Вкупниот број на бактерии со антимикробна активност ќе биде поголем кај контаминирани почви
  • Антимикробните соеви го инхибираат растот на тест фитопатогените.

 

Најзначајни резултати:

По спроведување на дел од анализите, констатиравме пад на процентот на влага при третото теренско истражување (есен), додека не воочивме голема разлика во рН вредностите на почвите помеѓу трите испитани сезони. Исто така, воочивме и намалување на вкупниот број на микроорганизми во сезона есен, како последица на падот на влагата%. Највисока бројност е забележана во РЕК (1567000 CFU/g) во летната сезона, а најниска бројност е забележана во Бучим (2310 CFU/g) во пролет. Спротивно од очекуваните резултати, во есен добивме најнизок број на антимикробни изолати од почвите (30), додека највисок број е забележан во зима (82 изолати).

After performing part of the analyses, we noticed a decrease in moisture content in the third field survey, while we did not observe a large difference in soil pH between the three seasons studied. We also observed a decrease in the total number of microorganisms in the fall season, which was due to the decrease in moisture. The highest number was found in REK (1567000 CFU/g) in the summer season and the lowest number in Bucim (2310 CFU/g) in spring. Contrary to the expected results, we obtained the lowest number of antimicrobial isolates from the soils in autumn (30), while the highest number was observed in winter (82 isolates).

 

Користена литература за „Микробни биофунгициди како алтернативна биолошка заштита на растенијата (MICROBIOFUN)“ на Софија Костандиновска

 

 

Start typing and press Enter to search