Во рамки на проектот „Одржлива иднина за регионот Шара/Кораб –Коритник“ којшто се спроведува во регионот Шара/Кораб –Коритник се поддржаа вкупно 13 проекти на локални организации од Македонија, Косово и Албанија кои ќе се спроведуваат меѓу 12 и 18 месеци почнувајќи од септември 2021 година.
Проектите беа изработени во рамки на подготвителен проект за регионален развој што МЕД го спроведуваше во текот на 2019 година со цел креирање на програма за поддршка на локално население во регионот Шара/Кораб-Коритник но поради пандемијата со Ковид-19 нивната реализација се премести за 2021 година.
Сите проекти имаат активности поврзани со поддршка на сточарите и пчеларите во регионот, акции за култивирање на ароматични и лековити растенија како и автохтони сорти на дрвенести растенија како и развој на туризмот во регионот.
Во Македонија се поддржани следните модел проекти:
- „Оснажување на локалните сточари за одржлива иднина“ (Empowering local farmers for sustainable future) – Центар за едукација и развој – ЦЕД, Теарце
- „Пчеларството како витален инпут кон одржливото земјоделство во регионот на Шар Планина“ (Beekeeping: vital input for sustainable agriculture in Sharr Mountain Region) – Здружение за креативен одржлив развој „Дива Перуника“- Скопје
- „Креирање на еколошко свесни генерации во училиштата во Гостивар преку нивна едукација“ (Education of an environmentally conscious generation in schools in Gostivar) -Здружение за граѓански интеграции- Иги Гостивар
- „Инфо центар за Шар Планина“ (Shar Mountain Info center) – Планинарски клуб „Љуботен“ – Тетово
Иницијалниот состанок за сите модел проекти беше организиран во ноември 2021 година преку платформата ZOOM. На состанокот локалните организации ги претставија своите активности и ги разгледаа можностите за соработка со колегите од останатите заштитени подрачја во соседните земји. Беа најавени и следните активности за прекугранична соработка во рамки на проектот.
МЕД го спроведува овој проект во партнерство со Фондацијата Еуронатур, Германија, Здружението за зачувување на природата во Албанија, ППНЕА, Албанија и ЦНВП – Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе, Косово.