Волците, во минатаото, во најголем број биле населени на северната хемисфера на земјината топка и биле прилагодени на широк спектар на екосистеми. Бројот на волците денес, е значително намален во овие области поради повеќе причини –намалување на диви живеалишта (недостаток на плен за исхрана), владините политики на минатиот век (лов за истребување на волците), тековните политики за заштита од волците кои се разликуваат од држава во држава и недостаток на информираност на луѓето за волците, со што се создава кај луѓето страв од волците.
Волците користат три различни јазици за комуникација –звук (завивање, лаење и ржење), специфични мириси (урина и феромони) и јазик на телото (позиции на телото, движење на телото и израз на лицето).
Кога навечер слушаме волк кој завива, тој не и завива на месечината, тоа е начин на кој волците меѓусебно комуницираат. Тоа го прават во текот на целиот ден, но навечер се слуша најасно поради тишината и нивната голема активност во текот на ноќта. Ова е комуникација која им овозможува на волците да комуницираат на голема одалеченост и да се лоцираат еден со друг. Дефанзивно завивање користат за да ја задржат глутницата заедно и да ги одалечаат оние кои преставуваат опасност, најчесто за нивните младенчиња. Лаењето се користи и како предупредување. Мајаката може да лае на нејзините маладенчиња кога чуствува опасност, или користи лаеж со завивање за да ја покаже агресија во одбрана на глутницата, или територијата.
Волците имаат многу изразено сетило за мирис, 100 пати поголемо во однос на човекот. Волците својата територија ја обележуваат со урина, таканаречено обележување со мирис. Кога волци кои не припаѓаат на таа глутница ќе го забележат овој мирис знаат дека таа територија е веќе зафатена од друга глутница. Припадниците од една глутница можат на овој начин да препознаат член на својата глутница што е корисно кога некој од членовите на глутницата ќе се изгуби. Доминантните волци ја обележуваат територијата не секој две минути. Волците комуницираат хемиски пораки – феромони. Изворот на феромони се жлездите на шепите, опашката, очите, анусот, гениталиите и кожата. На пример мажјакот може да препознае дали женката е во еструс со помош на феромоните во нејзината урина и ќе се обиде само во овој период да се пари со неа. Се разбира нивното изострено чуство за мирис им кажува кога има непријател, или храна во близина.
Волците најчесто комуницираат со јазик на телото. Ако се лути ги држат ушите исправено и ги покажуваат забите. Волк што се сомнева во нечие однесување ги повлекува ушите на назад и замижува. Страв обично демонстрираат исто со повлекување на ушите наназад. Волкот сака да се игра, се поклонува со предните нозе и скока во круг.
Волците користат специфични движења за да воспостават хиерархија во глутницата. Правило број еден е дека глутницата е составена од лидери и следбеници. Лидери се обично мајката и таткото на останатите членови на глутницата. Тие се најчесто најстари, најголеми, најсилни и најинтелигентни волци во глутницата. Доминантниот пар е одговорен за глутницата. За да ја покажат својата доминација ја држат опашката високо крената и стојат исправено, а следбениците покажуваат потчинетост со тоа што ја држат опашката спуштена и го навалуваат телото до ползечка позиција кога се во близина на доминантниот волк. Активно потчинување на лидерот обично го прават младенчињата кои за да ја покажат својата инфериорност ползат, ја лижат муцката и го кријат опашот. Пасивно потчинување следбениците го покажуваат на тој начин што легнуваат на земја завртени на страна, или на грб. Ако два волци имаат несогласувања тоа го покажуваат со ржење и покажување на забите за да изгледаат што е можно поопасни. Обично помалку доминантниот волк се откажува пред да започне борбата и се превртува на грб за да покаже дека во прифаќа афторитетот на доминантниот волк.
Волците во дивина имаат три главни потреби за опстанок – сосодветна населеност и густина на неговиот плен како извор на храна, доволно големи живеалишта каде ќе можат да живеат и волците и нивниот плен и толеранција од страна на луѓето. Првите две барања се прилично јасни. Последниот услов е многу комплексен. Толеранцијата не значи дека секој човек треба да ги сака волците , туку дека секој човек треба да го прифати нивното постоење и да им дозволи да живеат. Човечката толеранција има најголемо влијание за опстанок на популацијата на волци.
Авторки: Ивана Трајкоска и Маја Јорданова