Македонското еколошко друштво, Ботаничката градина Скопје, Хидробиолошкиот завод Охрид, Едукативниот центар Негрево, Народна техника, Националниот парк Галичица и од неодамна, Биотехнолошката лабораторија со која раководат Град Скопје и Дрисла, се здружија за да ја формираат Мрежата за искуствено учење.
Мрежата е основана со поддршка од УНИЦЕФ и финансирана од Шведска за да се создадат дополнителни можности децата да учат за животната средина и климатските промени преку експерименти, практични активности и критичко размислување за своите искуства. Еве што нудат некои од работилниците.
Размножување кај растенијата
Ботаничка градина, Скопје
Размножувањето е едно од основните својства на сите живи организми. Оваа особина овозможува продолжување на видот низ генерациите. Меѓутоа, деградацијата на животната средина и климатските промени може да предизвикаат еколошки стрес којшто влијае врз репродукцијата и размножувањето на растенијата.
Оваа занимлива тричасовна работилница наменета за ученици од 1 до 9 одделение може да опфати до 30 учесници. Нејзината примарна цел е да им помогне на учениците длабински да ги разберат фасцинантните фази на репродукција кај растенијата, истовремено истражувајќи ја интеракцијата меѓу клетките и нивното опкружување.
Наставници, погледнете подетален опис на работилницата и регистрирајте се за да им овозможите на учениците ново забавно искуство во учењето.
Исхрана кај растенијата
Ботаничка градина, Скопје
Растенијата се како мали готвачи. Тие самите си прават храна користејќи сончева светлина, вода и воздух. Зелените делови на растението, како што се лисјата, се однесуваат како соларни панели. Тие ја впиваат сончевата енергија и ја мешаат со вода и јаглерод диоксид. Потоа, како со магија, создаваат нешто вкусно што се вика скроб. И замислете! Како бонус, ни даваат и свеж кислород за дишење!
Тричасовната лабораториска работилница за 30 учесници е наменета за ученици од 1 до 9 одделение и им дава на децата можност да научат што им треба на растенијата за да напредуваат. Во текот на работилницата, учениците ги истражуваат структурите во растителните клетки, откривајќи ги специјализираните системи одговорни за пренос на вода и хранливи материи низ растението. Освен тоа, тие се вклучуваат во практична активност користејќи посебна техника за откривање на разновидните бои присутни во растенијата.
Наставници, погледнете подетален опис на работилницата и регистрирајте се за да им овозможите на учениците ново забавно искуство во учењето.
Живите организми и нивната животна средина
Хидробиолошки завод, Охрид
Водните екосистеми се средини со вода каде живите организми комуницираат како со физичките, така и со хемиските карактеристики на околината. Овие водни организми ја користат водата за храна, засолниште, репродукција и други основни активности. Секој вид се прилагодува кон својата специфична улога во екосистемот, заземајќи посебно место преку адаптација и интеракција.
Тричасовната работилница им овозможува на учениците од 1 до 9 одделение да истражат разни видови водни живеалишта. Тие учат да мерат и да собираат податоци за физичките и хемиските параметри. Исто така, собираат примероци за лабораториска анализа и ги споредуваат резултатите од своето истражување.
Наставници, погледнете подетален опис на работилницата и регистрирајте се за да им овозможите на учениците ново забавно искуство во учењето.
Домот на муволовката
Едукативен центар за зачувување на природата – Негрево
Тресетиштата, тие волшебни екосистеми, содржат слоеви од делумно распаднати растенија и други скриени организми. За време на тричасовната работилница учениците од 1 до 9 одделение имаат можност да истражуваат различни живеалишта. Така тие навлегуваат во светот на тресетиштето како екосистем, ја набљудуваат природата, бележат физички фактори, учат кои се заканите за опстанок на овој екосистем и го истражуваат влијанието врз макроскопските животински и растителни видови што живеат таму.
Наставници, погледнете подетален опис на работилницата и регистрирајте се за да им овозможите на учениците ново забавно искуство во учењето.
Истражи го барскиот екосистем
Едукативен центар за зачувување на природата – Негрево
Замислете свет каде што водата и земјата се испреплетуваат, каде што тревите се нишаат на благото ветре и каде што виреат скриени суштества. Ова е царството на мочуриштата – волшебно мочуриште што нè мами да ги истражиме неговите тајни.
За време на тричасовната работилница учениците од 1 до 9 одделение; учат за ова водно живеалиште и неговите живи организми и дознаваат како врз нив влијаат климатските промени и деградацијата на животната средина. Тие може да набљудуваат, да собираат и да анализираат различни макроскопски видови на животни и растенија кои живеат во и околу мочуришниот екосистем, и многу повеќе!
Наставници, погледнете подетален опис на работилницата и регистрирајте се за да им овозможите на учениците ново забавно искуство во учењето.
Млади истражувачи
Национален парк Галичица
Животната средина сите нѐ обединува. Биодиверзитетот, неверојатната разновидност на животот на нашата планета, ги опфаќа не само разните видови растенија, животни, габи и микроорганизми, туку и безброј екосистеми и живеалишта коишто нив ги одржуваат во живот. За жал, климатските промени претставуваат закана за оваа деликатна рамнотежа. Видовите, прецизно приспособени на конкретни климатски услови, се борат да се прилагодат на променливите температури.
Тричасовната работилница им овозможува на учениците од 1 до 3 одделение да ги истражат природните и културните богатства на Националниот парк Галичица. Тие учат за видовите, живеалиштата и за виталната улога на ренџерите на парковите.
Наставници, погледнете подетален опис на работилницата и регистрирајте се за да им овозможите на учениците ново забавно искуство во учењето.
Млади ренџери
Национален парк Галичица
Националниот парк Галичица се јавува како живописно „жариште“ на биолошка разновидност не само во Европа, туку и во светот. Во рамките на своето компактно пространство, овој парк се разликува од другите подрачја со слична големина по тоа што има извонредно богатство на живеалишта и видови.
За време на тричасовната работилница за ученици од 4 до 6 одделение, учесниците ќе имаат можност да влезат во срцето на Националниот парк Галичица – волшебно царство во кое природата и културата се испреплетуваат. Водени од искусни ренџери, тие идентификуваат и истражуваат разни видови и живеалишта, а дознаваат и за виталната улога на ренџерите. Ги користат сите свои сетила и се инспирираат да размислуваат за важноста на секој организам во животната средина.
Наставници, погледнете подетален опис на работилницата и регистрирајте се за да им овозможите на учениците ново забавно искуство во учењето.
Еко-амбасадори
Национален парк Галичица
Во друга тричасовна работилница за ученици од 7 до 9 одделение учениците ќе следат патека од 400 метри која почнува на влезот во Националниот парк Галичица, води покрај стара базилика и завршува со катче за настава во природа. Водени од искусни ренџери, учениците идентификуваат и истражуваат разни видови и живеалишта, а дознаваат и за виталната улога на ренџерите. Ги користат сите свои сетила и се инспирираат да размислуваат за важноста на секој организам во животната средина.
Наставници, погледнете подетален опис на работилницата и регистрирајте се за да им овозможите на учениците ново забавно искуство во учењето.
Зелена енергија – енергетски независна куќа
На работилницата за енергетска независност, учениците навлегуваат во фасцинантниот свет на обновливите извори на енергија, искористувајќи ги сончевите зраци и замислувајќи почиста, посветла иднина. Основците од 4 до 9 одделение и средношколците се поканети во работилницата да ги истражат принципите на производство на енергија од обновливи извори во контекст на независна куќа со зелена енергија. Тие мора да ги засукаат ракавите и да се фатат за работа! Конструираат функционален модел – независна куќа што се напојува со зелена енергија, заедно со соларни панели, фотоволтаици, ветерна електрана, воден круг, енергетски систем со повеќе извори, па дури и биодигестер.
Наставници, погледнете подетален опис на работилницата и регистрирајте се за да им овозможите на учениците ново забавно искуство во учењето.
Мрежата за искуствено учење е дел од иницијативата на УНИЦЕФ „Охрабрување на децата и младите да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“ финансирана од Шведска.
Извор: UNICEF.org