Во текот на 2022 и 2023 година беа реализирани два истражувања како дел од Програмата за поддршка на млади еколози „Д-р Љупчо Меловски“. Во продолжение ви ги претставуваме кратките резимеа на истражувањата.

 

Еволуција или фенотипска пластичност кај Cyclotella caviitata – одговор кон еколошките промени во Охрдско Езеро во текот на Квартерен период

Душица Заова

Опстанокот на живите организми е условен од нивната способност да одговорат на промените во животната средина преку морфолошки, физиолошки и/или генетски промени (Hetem et al. 2014; Ho & Zhang 2018; Fox et al. 2019). Видовите кои нема да успеат да се прилагодат на новонастанатите услови се подлежни на исчезнување (Kender et al. 2016). Следењето на способноста кај организмите за адаптација е особено важна за да се предвиди можноста и начинот на кој организмите би се адаптирале на идните услови. Предложеното истражување ќе биде спроведено преку анализа на Cyclotella cavitata-ендемичен вид од Охридско Езеро кој живее(л) во езерото низ текот на Kвартерот. Кое е потеклото на овој вид, како и дали успеал да преживее до денес и на кој начин се адаптирал на промените преку морфометриски анализи на СЕМ и математички модели ќе се утврдат во рамките на овој проект. Се очекува да се добијат податоци за правецот на еволутивните процеси и одговорите на популациите кон климатските промени во текот на Квартерот.

Cyclotella cavitata е ендемичен вид на дијатомеја која опстојува во Охридското Езеро низ текот на Квартерот-период познат по бројни и интензивни циклични климатски промени (Pellans & Gibbard 2012). Во тој период Охридското Езеро минува низа клучни локални промени, генерално предводени од онтогенетски процеси како продлабочување на езерото, промени во редокс потенцијалот, промени во миксијата, трофија и слично (Wilke et al. 2020).

Еден од основните предуслови за соодветна заштита на еден екосистем е познавање на неговата уникатност. Знаењата за потеклото и еволуцијата на ендемичните видови дополнително ќе ја истакне вредноста на Охридското Езеро како живеалиште со највисок ендемичен диверзитет. На таков начин ќе се придонесе кон посоодветна заштита на овој единствен екосистем.

Микробни биофунгициди како алтернативна биолошка заштита на растенијата (MICROBIOFUN)

Софија Костандиновска

Опстанокот на живите организми е условен од нивната способност да одговорат на промените во животната средина преку морфолошки, физиолошки и/или генетски промени (Hetem et al. 2014; Ho & Zhang 2018; Fox et al. 2019). Видовите кои нема да успеат да се прилагодат на новонастанатите услови се подлежни на исчезнување (Kender et al. 2016). Следењето на способноста кај организмите за адаптација е особено важна за да се предвиди можноста и начинот на кој организмите би се адаптирале на идните услови. Предложеното истражување ќе биде спроведено преку анализа на Cyclotella cavitata-ендемичен вид од Охридско Езеро кој живее(л) во езерото низ текот на Kвартерот. Кое е потеклото на овој вид, како и дали успеал да преживее до денес и на кој начин се адаптирал на промените преку морфометриски анализи на СЕМ и математички модели ќе се утврдат во рамките на овој проект. Се очекува да се добијат податоци за правецот на еволутивните процеси и одговорите на популациите кон климатските промени во текот на Квартерот.
Целта на проектот претставува испитување на потенцијалот на автохтони микророганизми во контрола на фитопатогени.
•Контаминирани почви располагаат со повеќе антимикробни соеви. 80% од вкупниот број на изолати беа од контаминирани почви.
•Застапеноста на антимикробните изолати е најголема во есен. Спротивно од очекуваните резултати, во есен добивме најнизок број на антимикробни изолати од почвите (30), додека највисок број е забележан во зима (82 изолати).
•Вкупниот број на бактерии е поголем кај контаминирани почви. Највисока бројност е забележана во РЕК (1567000 CFU/g) во летната сезона, а најниска бројност е забележана во Бучим (2310 CFU/g) во пролет.
•Антимикробните соеви го инхибираат растот на тест фитопатогените. Антагонистите 85,86, 87 и 88 се издвојуваат со формирање на најголеми зони на инхибиција врз фитопатогените.

Start typing and press Enter to search