Времетраење: Февруари 2023 – Јануари 2024

Финансиер: СИДА – Шведска меѓународна агенција за развој

Цел на програмата: Формирање на модел за зелена комуна на самоодржливо и еколошки свесно село, посветено на заштита на животната средина и биодиверзитетот, преку одржливо користење на природните ресурси и обновливи извори на енергија како и промоција на природното наследство и поттикнување развој на еко-туризмот и традиционалниот начин на живеење во регионот на Илинска-Плакенска Планина.

Лице за контакт: Ребека Велјановска

Овој проект е дел од програмата за грантови на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ која има за цел да даде поддршка на силно и живо граѓанско општество што ќе има значајна улога во процесот на декарбонизација, трансформација и обнова на општеството, што би резултирало со чиста животна средина, зелени економии и здрави граѓани во Македонија. Програмата ја спроведува Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, заедно со партнерските организации Македонско здружение на младите правници – МЗМП и Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе – ЦНВП Македонија, и е финансиран од страна на Владата на Шведска.

 

 

 

 

 

 

 

Проектни новости

ПОАЃАЊЕ ЗА ЕКСКУРЗИЈАТА Е ВО 07:00 ЧАСОТ ПРЕД СПОРТСКАТА САЛА „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ Дојдете на пролетната екскурзија „Одиме на Јабланица“ Македонското еколошко друштво ве кани на [...]

МЕД учествува на третата обука организирана од „Академијата за криминал против дивиот свет” во Малага, Шпанија

Вкупно пет учесници од различни и релевантни владини институции и организации од земјава учествуваа на третата обука организирана од  Академијата за криминал против дивиот свет, која се одржа [...]

До Китка во сеќавање на Љупчо Меловски

Детали за настанот: Кликни за пријавување Датум: 29 април 2023 Место: врв Китка Времетраење: 8 часа Збирно место, Горно Количани, над селото (кликни за линк до мапа) МЕД и ПК „Љуботен“ ја [...]

Средба на националната работна група за борба против отрови во рамки на проектот Балкан Детокс LIFE

На 15.03.2023, националната работна група за борба против отрови одржа состанок во рамки на проектот Балкан Детокс LIFE. Групата е неофицијално формирана во 2018, и оттогаш членовите заедно со [...]

Пчеларите и сточарите од Шар Планина поддржани со опрема

  Проектите за одржливо пчеларство и сточарство на Шар Планина што ги спроведуваат организациите Центар за едукација и развој и Дива Перуника а се поддржани од проектот „Одржлива иднина за [...]

Нова работилница на Мрежата за искуствено учење

Во текот на два дена (20-21.12.2022) во Маврово се сретна Мрежата за искуствено учење за да договори како понатаму ќе се одвива работата во рамките на тековниот проект. Мрежата имаше за цел да го [...]

Start typing and press Enter to search

Успешно се пријавивте за известувања од весникот на МЕД.

There was an error while trying to send your request. Please try again.

Macedonian Ecological Society will use the information you provide on this form to be in touch with you and to provide updates and marketing.