Во Националниот парк „Маврово“ обележавме уште еден рис со ГПС околувратник за следење на неговото движење. Заедно со вработени во Националниот парк „Маврово“ го обележавме рисот на 27 февруари и успешно го следиме неговото движење. Се работи за млад мажјак стар околу 2 години и тежок 19 килограми.

–              Откако вработени од националниот парк „Маврово“ ни јавија за плен на дива коза, се вративме на местото и рисот беше фатен со специјална замка. Рисот се врати по 6 часа а целата процедура за земање телесни мерки и крв траеше околу еден час, по што рисот беше пуштен на слобода. На овој терен имавме и помош од експерт за рис од Словенија Миха Крофел, изјави Диме Меловски, раководителот на Програмата за закрепнување на балканскиот рис.

Интересно ќе биде доколку овој рис нема воспоставено своја територија. Во тој случај ќе може да се открие кои патишта и коридори ги користат рисовите со цел да го најдат својот дом. Од големо значење ќе биде да се следи рисот во наредните неколку месеци.

Почнете да пишувате и стиснете Enter за да пребарате