Како и секоја година така и оваа, Рамсарската конвенција дава иницијатива за организирање различни активности во светски рамки, за одбележување на Светскиот ден на водните живеалишта – 2 февруари. Мотото на овогодинешната иницијатива беше „Водни живеалишта за нашата иднина“.

МЕД се приклучи на иницијативата со интересна презентација за учениците од СОУ „Цар Самоил“ во Ресен. Целта на предавањето беше подигнување на свеста на младите за значењето и вредноста на водните живеалишта, но истовремено и обележување на 20-годишнината од прогласувањето на Преспанското Езеро за Рамсарско подрачје. Голем број млади, поттикнати од претставниците на МЕД, изработија фотографии на блиски места со водни површини и со фотографиите учествуваа на конкурсот за најдобра фотографија, организиран од Рамсарската конвенција.

За дополнително информирање и промовирање на оваа иницијатива и подигнување на нивото на јавната свест на локалното население за зачувување на Преспанското Езеро како Рамсарско подрачје, беше изработен и леток кој беше дистрибуиран во преспанскиот регион.

Start typing and press Enter to search