Македонско еколошко друштво на 26 октомври во градинката „Мајски цвет“ одржа еднодневна обука со воспитувачите и стручниот кадар на градинката за едукативниот пакет за природа и птици изработен во рамки на проектот „Природата овозможува подобар живот“. Обуката ја проследија 25 воспитувачи коишто во рамки на своите групи ќе ги применуваат едукативните вежби и преку игра ќе ги учат децата за природата и птиците што не опкружуваат.

Start typing and press Enter to search