Проектите за одржливо пчеларство и сточарство на Шар Планина што ги спроведуваат организациите Центар за едукација и развој и Дива Перуника а се поддржани од проектот „Одржлива иднина за регионот Шара-Кораб-Коритник“ предновогодишно доделија опрема за модернизација на пчеларите и сточарите од Шар Планина.

Вкупно 14 пчелари и сточари добија опрема. Пчеларите беа поддржани со центрифуги и фертилизатор додека 8 сточари беа поддржани со инокс садови, бојлери на плин и агрегати.

Во рамки на двата проекти предвидено е и инсталирање на соларни панели и електрична ограда за заштита од диви животни, но оваа опрема ќе биде поставена во пролет 2023 година на високопланински бачила.

Според Метин Муареми од ЦЕД, опремата иако е симболична сепак е многу значајна за сточарите кои ги одржуваат овие традиционални практики во регионот. За Билјана Филиповска пак, соработката со пчеларите на Шар Планина е она што треба да се негува и по завршувањето на ваквите проекти.

Проектот „Одржлива иднина за регионот Шара-Кораб-Коритник“ освен проекти за земјоделство поддржува и проекти за туризам и култивирање. Вкупно 14 модел проекти се поддржани во Македонија, Косово и Албанија

Македонско еколошко друштво овој проект го спроведува во партнерство со Еуронатур, Германија  и локалните партнери CNVP, Kосово и PPNEA Албанија. Активностите на проектот „Одржлива иднина за регионот Шара-Кораб-Коритник се поддржани од Германската фондација за животна средина ДБУ и добротворната фоднација ЈЕНСЕН.

 

Start typing and press Enter to search

Успешно се пријавивте за известувања од весникот на МЕД.

There was an error while trying to send your request. Please try again.

Macedonian Ecological Society will use the information you provide on this form to be in touch with you and to provide updates and marketing.