Македонското еколошко друштво (МЕД) во соработка со  Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово го одржа првиот настан за промоција на Значајното растително подрачје Шар Планина како дел од проектот “Поврзување на луѓето со природата – зајакнување и вмрежување на граѓанските здруженија во Македонија”.

Овој настан беше дел од традиционалната планинарска тура Лешница кој оваа година се одржуваше по 60 пат.  На третиот и последен ден од турата беше организирана планинарско-ботаничка тура на која заинтересираните планинари можеа да научат кои се најзначајните растителни видови кои може да се сретнат на планинарската патека од Попова Шапка – Горна Лешница – Лешница – Кадите. Искусните ботаничари од МЕД беа на располагање со повеќе информации за растенијата а членовите на ПК „Љуботен“  ги промовираа можностите за волонтирање во склоп на нивниот клуб.

За фотографии од настанот кликнете тука.

Проектот „Поврзување на луѓето со природата – зајакнување и вмрежување на граѓанските здруженија во Македонија“ е ко-финансиран од Европската Унија.

 

 

Почнете да пишувате и стиснете Enter за да пребарате