Рисот е строго месојадно животно и дневно внесува од 1–2 килограми месо. Тој е брз, осамен ловец кој има широк спектар животни за исхрана, но омилен плен му се срната и дивокозата. Освен тоа, тој лови и мали цицачи. Со анализа на изметот на единките од балкански рис кај нас, имаме утврдено дека неговата исхрана вклучува и див зајак, глушец, стаорец, куна, лисица, па и лилјак! И дивите птици исто така често се наоѓаат на неговото мени. Изборот на плен зависи од повеќе фактори, како неговата достапност, сезоната, возраста и здравствената состојба на единката.

Покриен плен на рисот Бистри


Срна – омилената храна на рисот


Див зајак – плен на рисицата Атиџе


Срна – плен на рисицата Нарциса

 

 

 

 

 

 

Тој не е многу брз тркач, но бидејќи е добар алпинист ги користи дрвјата и високите карпи како места за криење и набљудување на пленот. Па затоа скоро секогаш лови од заседа, што е негова вообичаена техника на лов. Во ловот тој се прикрадува и се нафрла на пленот, притоа може да скокне во далечина или височина до 3 метри. Како и сите мачки, така и рисот е одличен и ефикасен ловец, кој, користејќи ги острите канџи, својот плен го соборува со сопствените тежина и спретност. Пленот го убива со едно моќно каснување во вратот. Уловениот плен постепено го јаде во текот на неколку дена и секогаш кога ќе си оди тој го затрупува во земјата со разни шумски остатоци (гранчиња, листови, треви) за да го сокрие од други животни што сакаат бесплатен оброк. Освен тоа, рисот дури и си го потрупува сопствениот измет за да не си го оддаде присуството околу местото на хранење. Додека не го изеде целиот плен, рисот не лови наново.

Кликни на сликата за да видиш видео од рисицата Лиса како се храни на плен

Кликни на сликата за да видиш видео од рисицата Лиса како се храни на плен

Бидејќи рисот е самотно животно, кога лови, тој својата храна не ја дели со никого. Женките го делат уловениот плен единствено со своите младенчиња во периодот кога живеат заедно, а младите се доволно пораснати за да можат да јадат цврста храна. Интересно е дека во сезоната на парење мажјаците им дозволуваат на женките да им се хранат од уловениот плен. Тоа е и единствениот период од годината кога двата риса би се сретнале.

Но покрај рисот, постојат и други животни кои ги населуваат истите шуми и се борат да опстанат во истите услови. Многу често го ловат истиот плен како и рисот. Тука се волците, шакалите, мечките, лисиците, па и дивите мачки.

Дива мачка – голем конкурент на рисот за мали пленови


Мечка – често мршојадно животно на плен од рис


Волк – главен конкурент на рисот во лов на плен

 

 

 

 

 

 

 

Почнете да пишувате и стиснете Enter за да пребарате