Македонското еколошко друштво се приклучи кон меѓународната кампања FUTUREISCLEAN, која се заснова на идејата за користење на алтернативни, чисти видови на енергија, првенствено сончевата.

На почеток на месец декември оваа година, светските лидери ќе се сретнат во Париз на Конференцијата на UN за климатски промени (COP21), за да одлучуваат за новиот договор за климатските промени. Одлуките кои ќе бидат донесени на оваа Конференција ќе влијаат на иднината на нашата планета. Целта на оваа Кампања е да се испрати силна порака на Конференцијата за замена на старите технологии со нови, кои не загадуваат.

Повеќе информации во врска со Кампањата како и давање поддршка можете да најдете на следнава веб страна www.futureisclean.org.Macedonian Ecological Society joined the worldwide campaign FUTUREISCLEAN, which is based on the idea for use of alternative clean energy, primarily solar energy.

At the beginning of the December this year, the world leaders will meet in Paris to the United Nations Climate Change Conference, COP21, to reach a global agreement on climate changes. Decisions made at this conference will impact the future of our planet.

The objective of this Campaign is to send a strong message to the Conference in favor of replacement of the old technologies with new ones that do not pollute. Additional  information about the Campaign can be found on the following web site: www.futureisclean.org, and support can be shown via Social networks.

Почнете да пишувате и стиснете Enter за да пребарате