Група од 14 средношколци учествуваа на теренската сесија од серијалот „Дивата страна на Преспа“ која всушност беше практично воведување во основите на биолошки мониторинг. После серијата од неколку теоретски предавања, на последниот училишен ден 10 јуни, средношколците посетија дел од подрачјето на паркот на природа „Езерани“ каде под менторство на неколку вработени од МЕД набљудуваа различни видови растенија, влекачи и водоземци, птици и траги од цицачи.

Работата на МЕД во Преспа со најмладите ќе продолжи со терени за време не летото, и од септември со нови содржини и опфаќање на различни возрасни групи преку спроведување на веќе изработени едукативни пакети во училиштата од регионот. Исто така, активностите поврзани со мониторинг на различни групи организми што секако се одвиваат континуирано ќе се промовираат помеѓу средношколците и локалните ентузијасти со цел нивно волонтерско вклучување во проучувањето на дивиот свет на Преспа.

Почнете да пишувате и стиснете Enter за да пребарате