Призрен, 13.04.2022  – Претставниците на платформата „ Пријатели на Шара“ во којашто членува и МЕД учествуваа на прекугранична средба со преттавниците на двата лагови од Косово и Албанија „Шари“ од Косово и „Кораби“ од Албанија на 13 април во Призрен Косово.

  • „Се радуваме што платформата „Пријатели на Шара“ има идни соработници од регионот Шара-Кораб-Коритник од Косово и Албанија и се надеваме дека двете групи што поскоро ќе започнат со конкретни активности за зачувување на природните ресурси и подобрување на условите за живот на локалното население. Ние како платформа постоиме од 2015 година и можеме да го споделиме искуството со вас.“, изјави Метин Муареми, претседател на платформата „Пријатели на Шара“.

Претставничките на двете локани акциони групи од Косово  и Албанија истакнаа дека постојат различни можности за прекугранична соработка но дека првенствено овие групи треба да се формализираат според принципите на ЛИДЕР, да изберат свој претседател и започнат да работат на различни проекти.

Лаговите од трите земји се одлична платформа за прекугранична соработка во контекст на зачувување на природата и линк меѓу заштитените подрачја во регионот. Во лаговите во Косово и Албанија членуваат и претставници на зашитените подрачја, бизнис заедница, невладин сектор и други клучни чинители.

Start typing and press Enter to search

Успешно се пријавивте за известувања од весникот на МЕД.

There was an error while trying to send your request. Please try again.

Macedonian Ecological Society will use the information you provide on this form to be in touch with you and to provide updates and marketing.