Од април, 2019 година МЕД започна со спроведување на тригодишен проект кој се однесува на мониторинг на одредени ретки растенија во границите на постоечките значајни растителни подрачја. Вкупно пет растенија (Campanula debarensis, Aesculus hippocastanum, Centaurea rufidula, Crocus jablanicensis и Astragalus physocalyx) и четири значајни растителни подрачја (Јабланица, клисурата на Црн Дрим, Богданци и Дојранско Езеро) ќе бидат опфатени со мониторингот.

Целта на проектот е да се обноват досегашните застарени податоци за распространувањето на одбраните растенија, со што ќе се добие увид за нивната популација и ќе се освежат информациите за статусот на некои од значајните растителни подрачја во Македонија. Во исто време ќе се работи и на популаризација на значајните растителни подрачја со посебен акцент на ретките растенија.

Мониторингот ќе се изведува под водство на двајца ботаничари по пропишани протоколи, но исто така ќе бидат вклучени и студенти заинтересирани за ботаника. Дополнително, дел од активностите ќе се спроведуваат во соработка со активни еколошки локални организации, како што е „Полимат13“ од Богданци.

Во Македонија се идентификувани 42 значајни растителни подрачја кои не се законски назначени. Истите се наоѓаат на официјалната меѓународна база на Плантлајф http://www.plantlifeipa.org/home. Флористичките истражувања во Македонија се сведени на минимум поради недостаток на кадар и средства за научно-истражувачка работа од областа на ботаниката. Овој проект ќе даде значителен удел во здобивање информации за популациите на неколку ретки национални растенија.

Проектот е финансиски поддржан од CEPF (Critical Ecosystem Partnership Fund) и се спроведува во рамките на една од стратешките определби на CEPF насловена како заштита на растенија, која е дел од долгорочната програма за зачувување на одредени жешки точки од медитеранот.

www.cepf.net.

“The Critical Ecosystem Partnership Fund is a joint initiative of l’Agence Française de

Développement, Conservation International, the European Union, the Global Environment Facility,

the Government of Japan, and the World Bank. A fundamental goal is to ensure civil society is

engaged in biodiversity conservation.”

Почнете да пишувате и стиснете Enter за да пребарате