Македонското еколошко друштво во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање на 19.11.2019 во Скопје го организираше третиот национален состанок со работната група за борба против труење на диви животни. Целта на состанокот беше усвојување на националниот акциски план за справување со инциденти поврзани со труење на диви животни во согласност со националната легислатива, и вклучување на надлежните институции.

За време на состанокот се презентираа досегашните активности превземени кон справување со проблемот со отрови. Исто така се дискутираше и за приоритетите и недостатоците. Останатиот дел од состанокот беше посветен на дефинирање на препораките за понатамошната изработка на акциски план за борба против труење на диви животни. На работилницата учествуваа соодветни експерти од Државниот инспекторат за животна средина, професори од Природно математичкиот факултет, Универзитетот Гоце Делчев – Штип, Факултетот за безбедност, МВР, Министерството за животна средина и просторно планирање Ветеринарен факултет од Скопје и претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство. Креирањето на акциски план за борба против труење е една од компонентите на Балканскиот проект за борба против отрови (BAPP). Проектот е финансиран од Фондацијата за заштита на мршојадците, а се спроведува и во Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција и Србија. Македонското еколошко друштво во овој проект се јавува во својство на партнер организација од Македонија.

Почнете да пишувате и стиснете Enter за да пребарате