Ако сакаме да преживееме треба да направиме сè што е во наша моќ да ги сочуваме пчелите бидејќи не зависат тие од нас, туку ние од нив. Големо количество храна зависи од опрашувањето на пчелите. Дури една третина од храната која секојдевно ја јадеме зависи од работата на пчелите. Ако се намали популацијата на пчели ќе се намали и приносот на некои растителни култури, а некои може и да исчезнат што ќе доведе неминовно до недостаток на храна за хуманата популација. Покрај ова, да не заборавиме, пчелите продуцираат мед кој содржи разновидни витамини, минерали и корисни шеќери.

Пчелите се важни за целата планета земја. Тие помагаат во опрашувањето на растенијата и нивното размножување. А тие растенија ни даваат храна која секојдевно ја консумираме.

Која е причината за намалувањето на бројот на пчели? Главна причина е недостатокот на доволен број медоносни растенија, но и загаденоста на водните екоситеми. Загадената почва дава загадени растенија, екстремни температури, монокултури како и разни видови болести и паразити се причинители на намалувањето на бројот на пчелите. Сепак, глaвниот причинител кој доведува до изумирање на колониите на пчели е употребата на пестициди во земјоделието и овоштарството.

Како да им помогнеме на пчелите? Доколку сакаме да живееме во средина со богат биодиверзитет треба да превземеме сè што е во наша моќ да ги сочуваме пчелите и им ја олесниме работата бидејќи не зависат тие од нас, туку ние од нив. Најлесен начин да им се помогне на пчелите е садењето медоносни растенија и избегнувањето на употреба на хербициди. Да не се загадуваат растенијата со непотребно прскање со пестициди или ако веќе мораме да ги прскаме, да користиме органскки пестициди.

Пчелите не се страшни, страшен би бил светот без пчели!

Start typing and press Enter to search