Во текот на два дена (20-21.12.2022) во Маврово се сретна Мрежата за искуствено учење за да договори како понатаму ќе се одвива работата во рамките на тековниот проект. Мрежата имаше за цел да го финализира Меморандумот за соработка со кој се обезбедува формална согласност за постоењето и заедничката работа на членовите на Мрежата. Меморандумот треба да ги зближи организациите кои имаат многу различни очекувања и начини на работа, па се надеваме дека конечно имаме формат кој ќе биде прифатен и потпишан од сите.

Дополнително, Мрежата работеше и на финализирање на Правилникот за работа. Овој документ беше иницијално подготвен како нацрт од страна на тимот на МЕД, а сите членови имаа одреден временски период во кој можеа да го разгледаат и да достават коментари за негово подобрување. За време на состанокот коментарите и забелешките се дискутираа пленарно и сите членови се согласија за последна верзија.

Мрежата посвети најголем дел од времето на оваа работилница за подготовка на образовната програма која ќе треба да искористи најважни делови од нивните капацитети во склад со потребите на формалниот образовен процес во државата. Се развиваа дискусии за најдобрите активности за истражувачко или искуствено учење и сите активности кои беа анализирани како соодветни дополнително ќе се развијат и ќе се стават во соодветниот формат на почетокот на новата година.  

Start typing and press Enter to search

Успешно се пријавивте за известувања од весникот на МЕД.

There was an error while trying to send your request. Please try again.

Macedonian Ecological Society will use the information you provide on this form to be in touch with you and to provide updates and marketing.