Кои видови растенија живеат и што им се случува откако ќе изумрат во планинските тресетишта? Како тие дишат или пак се хранат кога во влажните станишта вода има многу, а кислород малку? Дали можеби почвата и нејзините својства се специфични, па тоа е олеснително за некои видови растенија? Или можеби тајните се кријат во невидливото, неочигледното – микроорганизмите? Основата на одговорите на сите овие прашања и многу други се интеракциите во еден екосистем. А токму интеракциите се во центарот на екосистемските истражувања и нашето внимание.

Колекционирање на материјал од локалитетот Бабасаница за време на теренските истражувања

За разбирање на дел од функционалноста, селектиравме три различни компоненти во нашите влажни екосистеми на Шар Планина:

  • продуценти (растенија)
  • абиотичка компонента (почва)
  • разградувачи (микроорганизми)

Со теренски истражувања колекциониравме материјал од трите компоненти со цел негово понатамошно лабораториско анализирање. Вложеното време и труд во лабораторија кое ни предстои, ќе даде море од вредности, бројки и резултати. Тоа се сите симптоми кои еден пациент ги кажува на својот доктор. А добриот дијагностичар треба да размисли логички, да ги замисли сите процеси и функции, да биде отворен за дискусија на интересни хипотези, но и да се обиде да најде одговори. Исто како и екологот за своите екосистеми.

Лабораториска работа во микробиолошката лабораторија

Start typing and press Enter to search

Успешно се пријавивте за известувања од весникот на МЕД.

There was an error while trying to send your request. Please try again.

Macedonian Ecological Society will use the information you provide on this form to be in touch with you and to provide updates and marketing.