ПРОГРАМА ЗА ПОДДРШКА НА МЛАДИ ЕКОЛОЗИ „Д-Р ЉУПЧО МЕЛОВСКИ“ 2022

Оваа година доделивме 12 мали грантови и само еден голем грант за истражувања кои ќе ги спроведат млади еколози од повеќе научни области. Подлу се деталите за нивните проекти т.е. теми на истражување, методологија и резултати. Се надеваме дека овие истражувања ќе бидат поттик за младите истражувачи да останат во полето на екологијата и да придонесат кон научната работа во Македонија.

СРЕДЕН ГРАНТ

1. ДИСТРИБУЦИЈА НА МИКРООРГАНИЗМИ КОИ ПРОИЗВЕДУВААТ БИОСУРФАКТАНТИ ВО КОНТАМИНИРАНИ И НЕКОНТАМИНИРАНИ ПОЧВИ: ЕКОЛОШКИ ПРИФАТЛИВИ ПЕРСПЕКТИВИ ЗА РЕМЕДИЈАЦИЈА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

 Раководител:  Огнен Бошковски

Резиме: Се предвидува дека светската популација драстично ќе се зголеми на 9 милијарди во 2050 година, па затоа се бараат средства за задоволување на потребите за храна на постојано растечката популација. Прекумерната употреба на земјоделските пестициди предизвикува опасност за луѓето и екосистемски проблеми (Aruna & Sreekanth, 2015). Потребно е да се најдат биолошки супстанци кои се еколошки, одржливи, без штетни ефекти врз живите организми и би можеле да помогнат да се намалат ефектите од загадувањето на животната средина поврзани со употребата на хемиските сурфактанти. Примената на биосурфактантите е идентификувана како одржлив биолошки процес за биоремедијација, подобрување на екосистемските услови и намалување на токсичноста на пестицидите (Raja, 2013).

Цел на истражувањето е да се одговори на следните прашања и тези:

  • Каква е дистрибуцијата на микроорганизми кои произведуваат биосурфактанти во контаминирани и неконтаминирани почви?
  • Хемиските сурфактанти имаат негативни ефекти врз животната средина поради нивната токсичност и ниска биоразградливост.
  • Биосурфактантите се еколошки прифатлива замена за хемиските сурфактанти.
  • Биосурфактантите се ниско токсични и лесно биоразградливи.
  • Биосурфактантите ја подобруваат плодноста на почвата, растот на растенијата и ја намалуваат токсичноста на пестицидите.
  • Потребни се истражувања кои ќе се фокусираат на индустриската примена на биосурфактантите.

Научниот придонес кој овој проект сака да го има: Побарувачката за микробни биосурфактанти за екосистемските подобрувања сè повеќе се зголемува. Од таа причина, водечките истражувачи повикуваат на зголемување на бројот на истражувања и еколошки стратегии кои вклучуваат експерименти за примена на биосурфактантите (Twigg et al., 2020). Овој предлог проект може да служи како водич за подобрување на идните истражувања на ова поле.

Придонес кон зачувување, заштита и/или еколошка едукација: Поради нивната различна хемиска структура, биосурфактантите претставуваат извор на зелени хемикалии кои може да се користат како еколошки прифатлива замена за хемиските сурфактанти во агрохемикалиите, преку подобрување на плодноста на почвата, поттикнување на растот на растенијата и намалување на токсичноста на пестицидите.

МАЛИ ГРАНТОВИ

1.

 

 

Start typing and press Enter to search