Времетраење: 2007–2009 г.
Финансиер: Фондација МАВА
Партнери: PlantLife International
Цел на проектот: Програмата за Значајни растителни подрачја (ЗРП) беше имплементирана во државите од Југоисточна Европа, а националниот партнер од Македонија беше Македонското еколошко друштво. Проектот беше реализиран во две фази:
– Идентификација на значајните растителни подрачја во Македонија и собирање на теренски информации за нивните ботанички карактеристики, статус на заштита, управување, употреба на земјиште и поголеми закани кои им влијаат.
– Демонстрација на активностите за заштита на значајните растителни подрачја преку имплементација на пилот-проектот.
Резултати: во Македонија беа идентификувани 42 значајни растителни подрачја кои сочинуваат 18% од вкупната територија на државата. Само 13 од нив се заштитени на национално ниво. Шар Планина беше избрана како пилот-локација, стремејќи се кон едукација на планинарите и други посетители кои се занимаваат со рекреација за вредностите на флората и фауната од овој регион. Изработена е национално издание под наслов „Идентификација и заштита на ЗРП во Македонија“, во кое е даден краток осврт на состојбата, статусот на заштита, како и присутни закани во идентификуваните 42 ЗРП.